Дигитални алатки за подобро спроведување на онлајн настава
Поставки за преземање на контрола и менаџирање на Вашиот онлајн час на Microsoft Teams
Препорачани поставки кои што секој наставник треба да ги има при самото креирање на онлајн-час на платформата Microsoft Teams, за преземање на контрола, превенирање и спречување на проблеми.
Подготвено од

Даниел Тодоровски, Ликовен педагог со сликарство, наставник по Ликовно образование и Иновации, училишен администратор и обучувач за Националната платформа за учење на далечина (НПДУ) и Microsoft Teams

Користење на дигиталната алатка „Kahoot“
Во ова видео се запознаваме со бесплатната дигитална алатка „Kahoot“ којашто служи за креирање на интерактивни квизови кои вашите ученици може да ги одговораат во реално време. Алатката исто така помага во креирање на прашалници, квизови и ја олеснува дискусијата помеѓу вас и вашите ученици. Ова е една лесна и интересна дигитална алатка за забава и учење којашто, се надеваме, ќе најде место во вашиот следен час.
Подготвено од

Перo Сарџоски, директор на настава и основач – Пегагус ЕЛС

Едукативен квиз креиран со дигиталната алатка „Kahoot“
Во ова видео може да погледете пример на едукативен квиз кој е креиран со дигиталната алатка „Kahoot“, како тој се одвива и како може учениците активно да учестуваат во квизот.

Подготвено од

Перo Сарџоски, директор на настава и основач – Пегагус ЕЛС

Користење на „Quizlet“, серија на алатки и картички за учење
Во ова видео се запознаваме со можностите кои ги нуди дигиталната алатка „Quizlet“. Ќе зборуваме повеќе за креирање на интерактивни картички и игри за учење како и начинот на интеграција на „Quizlet“ за потребите на вашиот следен онлајн час.

Подготвено од

Перo Сарџоски, директор на настава и основач – Пегагус ЕЛС

Употреба на дигиталната алатка „Quizlet“
Во ова видео може да погледете пример за употреба на дигиталната алатка „Quizlet“ и како тој може да се спроведе во наставата за активно учество на учениците.
Подготвено од

Перo Сарџоски, директор на настава и основач – Пегагус ЕЛС

Користење на „Wordwall“, алатка за креирање активности, интерактивни игри и квизови
Во ова видео се запознаваме со алатката „Wordwall“ која е пригодна за презентирање на теми и проверка на знаења по секој предмет од наставната содржина, а е наменета за ученици од повисоките одделенија.

Подготвено од

Перo Сарџоски, директор на настава и основач – Пегагус ЕЛС

Користење на „Zoom“, видео конференциска алатка за онлајн настава
Во ова видео се запознаваме со видео конференциската алатка „Zoom“ за реализирање на онлајн настава во реално време преку аудиовизуелна интеракција помеѓу наставниците и учениците, со можност за споделување на екранот, користење на табла за презентација, поделба на учениците по групи и уште неколку различни можности.

Подготвено од
Перo Сарџоски, директор на настава и основач – Пегагус ЕЛС
Видеоупатства за снимање на видео лекции за Е-училница и Е-занимална
Видео упатство – Како да инсталирате OBS софтвер за снимање на видео?
Во ова видео е објаснето користењето на дигиталните упатства за снимање на видео, како и начинот на симнување, инсталирање и употреба на OBS програмата за снимање на вашите видео лекции.
Подготвено од

Александар Лазовски, проект менаџер – СмартАп

Насоки за снимање на видео лекции – Најчести грешки, проблеми и како да ги решите
Како до содржински подобра видео лекција и како до технички подобро видео? Во ова видео слушнете неколку работи кои треба да ги проверите пред испраќање на вашата видео лекција со цел да има подобар квалитет.
Подготвено од

Александар Лазовски, проект менаџер – СмартАп

Видео упатство – Поставување на обележан курсор 
Во склоп на ова видео слушнете за опцијата и користењето на обележан, highlighted cursor (маус). Оваа алатка ќе ви користи за време на предавањата каде ќе имате потреба да потенцирате и покажете одреден дел на презентацијата, како што е дел од географска мапа, хемиско соединение и слично.
Подготвено од

Александар Лазовски, проект менаџер – СмартАп

Видео упатство – Подесување на PowerPoint & OBS, во случај на црн екран
Согласно техничките проблеми кои се случуваат во програмот за снимање на видео лекции, во ова видео слушнете ги најчестите проблеми како што се подесување на презентација PowerPoint и црн екран на OBS, и како да ги решите на брз начин.
Подготвено од

Александар Лазовски, проект менаџер – СмартАп

Насоки за организирање на дигитални активности
Насоки за организирање на дигитални активности
Во ова видео, дознајте како да организирате дигитална работилница, со сите потребни аспекти за планирање, спроведување и промоција. Погледнете и неколку предлози за теми и дигитални работилници кои може да ги организирате со вашите ученици.
Подготвено од

Македонски центар за граѓанско образование, со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Проект: Меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран

Приспособување на видеолекции и материјали за деца со попреченост
Како да приспособите материјали за деца со попреченост (дел 1)
Преку ова видео дознајте како соодветно да приспособите текст или содржина за ученици со попреченост, при што ќе обрнете внимание на фонтот и неговата големина, како и на бојата и контрастот на позадината, со цел успешно и активно да ги вклучите сите ученици во програмата која ја спроведувате.
Подготвено од

специјален едукатор и рехабилитатор, Марија Велиновска Велковска

Како да приспособите материјали за деца со попреченост (дел 2)
Преку ова видео, дознајте како соодветно да приспособите материјали за ученици со попреченост кога употребувате слика којашто содржи повеќе бои, анимација и нејзино приспособување кон пристапна визуелна илустрација со детали коишто може да ги следат сите ученици.
Подготвено од

специјален едукатор и рехабилитатор, Марија Велиновска Велковска