ambassador image
Валентина Гаврилоска
Педагог
ЈУДГ на ОЦ „ Раде Јовчевски Корчагин“ – Скопје
Мотивацијата беше да им го разубавам денот на децата во време на пандемија, да ги едуцирам родителите и да го сплотам семејството во денешното динамично време. На другите воспитувачи им препорачувам да се вклучат во изработката на игри и активности за да се збогати библиотеката на игри.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кој сте вие и како каков едукатор би се опишале?
Валентина Гаврилоска – дипломиран педагог, вработена во ЈУДГ на О.Ц. „Раде Јовчевски – Корчагин“ како воспитувач ментор. Во мојата секојдневна работа со децата, секогаш се трудам нив да ги поставувам пред проблемски ситуации, трудејќи се да го добијам одговорот и решението на проблемот од самите деца, со цел да ги поттикнам на самостојно размислување. Секојдневно ја користам играта како метод на сознавање и развивање разни вештини. Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
Споделете ја вашата најдобра практика во образованието, она што ве прави да бидете едукатор каков што сте денес.
Како воспитувач со 33-годишно работно искуство, покрај секојдневните игри и активности со децата, имам реализирано многу дополнителни активности, како подготовка на сценографии за приредби, од кои ќе ја издвојам Големата сцена во МОБ, потоа сликањето ѕидови и платна во градинката, приредби со децата и др. Најдолго во сеќавање ќе ми остане подготовката на театарската претстава со деца од 4 до 5 години, со која особено се гордеам.
Која беше вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес на порталот ЕДУИНО и што им препорачувате на другите?
Мотивацијата беше да им го разубавам денот на децата во време на пандемија, да ги едуцирам родителите и да го сплотам семејството во денешното динамично време. На другите воспитувачи им препорачувам да се вклучат во изработката на игри и активности за да се збогати библиотеката на игри.
Како вие како ЕДУИНО-амбасадор ја гледате иднината на образованието?
Се надевам дека предучилишното воспитание и образование ќе биде подигнато на едно повисоко ниво, бидејќи градинките не се само места за чување на децата.
Што претставува за вас ЕДУИНО?
Можност да се прикаже вистинската функција и работа на градинките. Место каде што може да се научи уште нешто повеќе. Место каде што може да се даде придонес за предучилишното воспитание и образование. Место за размена на искуства.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
/
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Мирадие Бајрами
ЕДУИНО е колективен портал што беше најблиску до децата во време на пандемија, на кој учениците имаа можност да учат од дигиталните содржини.
ambassador image
Жарко Алексовски
Јас како амбасадор ќе продолжам да помагам во креирањето нови видеа и се надевам дека учениците ќе бидат задоволни од моите излагања и презентации.
ambassador image
Марија Мостро
Со учениците имам непосреден однос, кој се темели, пред сè, на меѓусебно разбирање и почитување.