ambassador image
Горан Цветкоски
Наставник по физичко и здравствено образование
ООУ „Коста Рацин“ – Брвеница
Спречувањето на сите нас да ја следиме наставата со физичко присуство поради пандемијата со COVID-19, мене како наставник ми даде уште поголема мотивација да се потрудам да им овозможам на учениците учењето да го продолжиме од далечина. Со тоа тие нема да испуштат нешто од наставниот материјал. Затоа и секоја лекција се трудев да им ја предадам преку платформата ЕДУИНО.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Горан Цветкоски, предметен наставник во ООУ „Коста Рацин“ – Брвеница, со постојано место на живеење во Брвеница. Наставник по предметот Физичко и здравствено образование. Огромна чест и задоволство ми преставува што ми ја доделивте оваа титула – ЕДУИНО-амбасадор. Како едукатор, за мене претставува големо задоволство тоа што ги пренесувам моите вештини и знаење на учениците.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Јас практикувам што е можно поголем дел од материјалот да им го пренесам на учениците на поедноставен, најлесен и најсфатлив начин, преку ИКТ.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Спречувањето на сите нас да ја следиме наставата со физичко присуство поради пандемијата со COVID-19, мене како наставник ми даде уште поголема мотивација да се потрудам да им овозможам на учениците учењето да го продолжиме од далечина. Со тоа тие нема да испуштат нешто од наставниот материјал. Затоа и секоја лекција се трудев да им ја предадам преку платформата ЕДУИНО. Им порачувам на сите колеги макотрпно да им ги пренесуваат своите знаења на учениците.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Во секој поглед позитивно, квалитетно, напредно и успешно образование.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Претставува платформа каде што на сите им е овозможено да ги следат видеолекциите.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Училиште.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Валентина Гаврилоска
Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
ambassador image
Наташа Тодоровска
Како ЕДУИНО-амбасадор, на моите колеги би им порачала да станат член од ЕДУИНО-заедница, ако секој од нас сними барем по еден час, ќе имаме ризница од едукативни часови.
ambassador image
Весна Пупучовска
Научив да користам одредени алатки што претходно не ги употребував.