ambassador image
Рамиз Иљази
Наставник по математика
ООУ„Беса“ – Тетово
Отсекогаш сум се трудел да бидам добар со учениците за време на процесот на учење и да не правам грешки, да бидам добар пример за студентите. Професијата наставник е многу вредна за мене. Да се ​​биде учител значи да се биде пример за учениците и новите колеги во образовниот процес.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Рамиз Илјази, наставник по математика и информатика во ОУ „Беса“ – с. Вешала, Тетово. Со 28 години работно искуство. За цело време додека работев како наставник по математика во споменатото училиште, секогаш се трудев да работам за учениците да ја добијат најдобрата настава. За време на мојата работа како наставник, учествував на многу различни семинари и обуки, едноставно за да ги подобрам своите вештини како наставник и да се приспособам на разните реформи во образованието. За мене, воспитно-образовниот процес е нешто свето и секогаш сум се обидувал да го дадам најдоброто од себе. Отсекогаш сум се трудел да бидам добар со учениците за време на наставниот процес и да не правам грешки, за да бидам добар пример за студентите. Професијата наставник има голема вредност за мене. Да се биде наставник значи да се биде пример за учениците и за новите колеги што се ориентирани во воспитно-образовниот процес. Нема зборови со кои може да се опише професијата на наставникот, па затоа секоја нова генерација што е ориентирана да работи во образовниот процес, треба оваа професија да ја одбере како професија на срцето, бидејќи да се биде учител е света мисија.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Мојата непречена работа само за да бидам близок со студентите. Моето добро однесување кон учениците и кон другите колеги. Почитување на светата професија НАСТАВНИК.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Гледајќи дека во март 2020 година образовниот процес беше прекинат поради пандемијата на КОВИД-19 и забележуваајќи дека учениците и наставниците останаа во „слепа улица“ и немаа идеја што да направат понатаму, увидов дека само платформата Едуино започна со видеоснимки, и тогаш видов дека е потребно да придонесам со мои видеоснимки за што е можно повеќе да им помогнам на учениците, но и на другите колеги на целата територија на Северна Македонија. Се чувствувам привилегиран и горд што соработував со платформата Едуино, верувам дека мојата соработка ќе продолжи и во иднина.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината на образованието во Република Северна Македонија ќе биде успешна само доколку наставникот и ученикот се на највисокото ниво во општеството. Ако политиката се тргне од образованието, тогаш образованието го очекува блескава иднина.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Електронска библиотека, која ќе им помогне на наставниците и на учениците во Република Северна Македонија.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Добро подготвена платформа. Треба да се пополни со разни материјали за да се помогне во образовниот процес
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Фатиме Беџети-Дурмиши
Највисока цел во човековото постоење е градењето иднина, а клуч за тоа се новите генерации.
ambassador image
Насер Адили
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.
ambassador image
Марина Станиславова
Моја лична препорака до сите наставници е да се охрабрат и да ја пренесат својата енергија и креативност во едукативни активности и лекции и да станат дел од ЕДУИНО-заедницата