ambassador image
Светлана Бобевска
Одделенски наставник
ООУ„Блаже Конески“ – Велес
Мојата мотивација беше да креирам дигитални лекции што ќе ги користат учениците и наставниците, со што ќе оставам траен белег со својата работа. Им порачувам на младите наставници да се вклучуваат во вакви активности, да не се откажуваат при првиот неуспех, бидејќи со упорност и истрајност ќе станат успешни наставници.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Светлана Бобевска, одделенски наставник во ООУ „Блаже Конески“ – Велес. Следејќи ги иновациите, се надградувам и се усовршувам како наставник. На таков начин можам да бидам креатор на наставата и учењето на 21 век, а самиот процес на иновации не е само новина туку и промена на улогата на наставникот, која ќе биде усогласена со можностите на училиштето, интересот и способностите на учениците, посебно во денешната дигитализација на образованието. Пандемијата, покрај големиот број негативности, внесе и светлина во дигиталниот образовен процес.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како млад наставник, кога првпат започнав да работам, бев голем ентузијаст и ја прифаќав секоја новина во образованието и ја применував преку мојата креативност во наставата. Посакував да имам познавања како денес, но човекот учи цел живот. Тоа е и нашето мото – доживотно учење, па затоа сум ова што сум денес: едукатор што несебично ги споделува своите знаења со другите наставници.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Бидејќи по природа сум личност што прифаќа предизвици и не се откажува лесно додека не ја заврши поставената цел, и сега го прифатив предизвикот, иако не знаев со што се соочувам. Мојата мотивација беше да креирам дигитални лекции што ќе ги користат учениците и наставниците, со што ќе оставам траен белег од својата работа. Им порачувам на младите наставници да се вклучуваат во ваквите активности и да не се откажуваат при првиот неуспех, бидејќи со упорност и истрајност ќе станат успешни наставници.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Модернизацијата на образованието оди кон дигитализација и настава на далечина, која во светот функционира од многу одамна. Се надевам дека ЕДУИНО ќе прерасне во заедница на дигитални ресурси за образованието во државата во која ние како тим ќе придонесеме со нашиот ентузијазам и со посветеноста во работата.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е едно големо дигитално семејство со многу членови, кои придонесуваат за неговиот успех.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Дигитално образование.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Нусрет Хазири
Мојот главен мотив се учениците, а постоењето на видеолекциите е за тие да имаат дополнителна можност да го применат учењето на далечина.
ambassador image
Емилија Стојановска
Да се биде ЕДУИНО-амбасадор е можност да ѝ се покаже на јавноста дека во нашата земја има многу квалитетни наставници кои одлично ја работат својата работа.
ambassador image
Шемсие Ајдари
Е-учењето, како модерен начин на учење, нема да ги задоволи сите барања и потреби на учењето и на ученикот, но е неизбежен и комплементарен дел од традиционалното учење.