ambassador image
Фатиме Беџети-Дурмиши
Професорка по одделенска и претшколска настава
ООУ „Наим Фрашери“ – Тетово
Ако сакате да оставите вечни резултати зад вас, инвестирајте во човекот, во луѓето, инвестирајте во деца, односно во нивното знаење. Верувам дека иднината им припаѓа на децата и затоа со својата работа сакам да придонесам за создавање на иднината.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кој сте вие и како каков едукатор би се опишале?
Јас сум професор Фатиме Беџети-Дурмиши од ООУ „Наим Фрашери“. Живеам во Тетово. Професор сум по одделенска и претшколска настава. Имам професорски работен стаж од 15 години, со истакнати афинитети за рачни и уметнички активности и посебен сензибилитет и познавања за деца со специфичен развој и ограничени способности.
Споделете ја вашата најдобра практика во образованието, она што ве прави да бидете едукатор каков што сте денес.
Највисока цел во човековото постоење е градењето иднина, а клуч за тоа се новите генерации.
Која беше вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес на порталот ЕДУИНО и што им препорачувате на другите?
Ако сакате да оставите вечни резултати зад себе, инвестирајте во човекот, во луѓето, инвестирајте во децата, односно во нивните знаења.
Како вие како ЕДУИНО-амбасадор ја гледате иднината на образованието?
Во интензивни реформи, обновување на ресурсите и приближување кон западноевропските стандарди.
Што претставува за вас ЕДУИНО?
Одлична платформа за синхронизација на стандарди, критериуми и методи во образовната работа во целата држава.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Библиотека на знаење.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Љазиме Амети
Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги реализирам на дистанца овие лекции со едукативен карактер.
ambassador image
Весна Пупучовска
Научив да користам одредени алатки што претходно не ги употребував.
ambassador image
Елена Ташева
За време на пандемијата максимално го искористив времето да се посветам на пишување, изработка на активности, снимање и документирање.