
Шемсие Ајдари
Одделенски наставник
ООУ „7 Март“ – с. Челопек
Сакам да им помогнам на учениците, особено во време на пандемија, полесно да ги усвојуваат и да ги разберат наставниците едниците. Сите, според своите можности, да се потрудат и да работат со учениците.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кој сте вие и како каков едукатор би се опишале?
Шемсие Ајдари, ООУ „7 Март“, Челопек. Одделенски наставник со 21 година стаж.
Споделете ја вашата најдобра практика во образованието, она што ве прави да бидете едукатор каков што сте денес.
Искуство во работата со ученици, прилично добро користење на електронските алатки и помагала во предавањето и во учењето.
Која беше вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес на порталот ЕДУИНО и што им препорачувате на другите?
Да им помогнам на учениците, особено во време на пандемија, полесно да ги усвојуваат и да ги разберат наставниците едниците. Сите, според своите можности, да се потрудат и да работат со учениците.
Како вие како ЕДУИНО-амбасадор ја гледате иднината на образованието?
Е-учењето, како модерен начин на учење, нема да ги задоволи сите барања и потреби на учењето и на ученикот, но е неизбежен и комплементарен дел од традиционалното учење.
Што претставува за вас ЕДУИНО?
Платформа (повеќе сеопфатен портал) за учење, погодна учење учење на далечина, момбинирано предавање во форма на видео, размена на материјали, контрола на знаењето итн. Особено потребна во време на криза, каква што е пандемијата.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Платформа за учење.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Ќемајледин Емини
Сега имаме многу можности за унапредување на образованието, меѓутоа и барањата денес се поголеми, што значи дека работата останува приоритет за добри резултати.

Соња Трифуновска
Изработката на видеолекциите за ЕДУИНО за мене беше една од најдобрите практики што ги имам во моето работно искуство како наставник.