ambassador image
Љазиме Амети
Одделенски наставник
ООУ „Мехмет Дерала“ – с. Градец
Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги снимам овие лекции од далечина, како и задоволството што овие наставни единици може да ги следи секој ученик во кое било време. Секој наставник што ја сака својата професија, треба да се ангажира и да даде максимум идеи, да ги мотивира и да ги охрабрува учениците
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кој сте вие и како каков едукатор би се опишале?
Љазиме Амети, наставник на V-3 во ООУ „Мехмет Дерала“ – с. Градец, Гостивар. Јас сум воспитувач што ја сака работа, пред сè децата, кои ми се главна мотивација, за кои работам со голема страст и посветеност
Споделете ја вашата најдобра практика во образованието, она што ве прави да бидете едукатор каков што сте денес.
Љубовта кон учениците ми беше главната водилка за да можам што повеќе да придонесам за нив. Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги реализирам овие лекции со едукативен карактер на далечина, како и задоволството дека овие наставни единици може да ги следи секој ученик во кое било време.
Која беше вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес на порталот ЕДУИНО и што им препорачувате на другите?
Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги снимам овие лекции на далечина, како и задоволството што овие наставни единици може да ги следи секој ученик во кое било време. Секој наставник што ја сака својата професија, треба да се ангажира и да даде максимум идеи, да ги мотивира и да ги охрабрува учениците за континуирана работа.
Како вие како ЕДУИНО-амбасадор ја гледате иднината на образованието?
Со иновативни и плодни проекти за посветла иднина за нашите најблиски – учениците.
Што претставува за вас ЕДУИНО?
Најсоодветна платформа за ученици, родители и наставници. Платформа на иднината и на квалитетното образование.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Сеопфатен!
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Мирадие Бајрами
ЕДУИНО е колективен портал што беше најблиску до децата во време на пандемија, на кој учениците имаа можност да учат од дигиталните содржини.
ambassador image
Елена Тодоровска
За мене единствената мотивација се децата. Кога работите со деца, вие сте освоени од секое детско срце
ambassador image
Исак Османи
Им препорачувам на моите колеги да работат повеќе, да има повеќе видеолекции и сè што треба за подобро и поквалитетно учење.