ЧЕСТО
ПОСТАВУВАНИ
ПРАШАЊА

КАТЕГОРИИ
Што претставува колективниот портал ЕДУИНО?
Колективниот портал за дигитални содржини, соработка и професионален развој е дигитален простор што содржи голем број образовни ресурси, игри и едукативни активности за поддршка на воспитно-образовниот процес.
Што е разликата меѓу колективниот портал и ЕДУИНО-платформите?
ЕДУИНО-заедницата е главната поврзница на сите ЕДУИНО-платформи. Главното место каде што се информира и од каде што корисниците пристапуваат до засебните платформи (пр. ЕДУИНО-настава) е колективниот портал. Дополнително, колективниот портал овозможува синхронизација низ единствениот профилен систем на сите ЕДУИНО-платформи, со што се овозможува скалирање и непречено растење на сите ресурси и материјали.
Што се Едуино-амбасадорите?
Иницијативата ЕДУИНО-амбасадори е дизајнирана со цел јавна пофалба и оддавање признание на трудот и несебичната вложеност на најпосветените наставници и придонесувачи на колективниот портал ЕДУИНО.
Како да станам Едуино-амбасадор?
ЕДУИНО-амбасадорите се селектираат според поставени критериуми од страна на Бирото за развој на образованието и врз основа на статистички пресеци што ги прави тимот на ЕДУИНО. Критериумите се поставуваат врз основа на поставени средни вредности во согласност со вкупниот број пристигнати материјали до моментот на пресекот. Повеќе за критериумите и процесот може да дознаете на секцијата ЕДУИНО-амбасадори.
Која е целта на проектот?
Целта на проектот е, пред сè, поставување средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку кокреирање и иновации. Ваквата срединa се заснова на принципите на колаборативно креирање и градење професионална заедница.
За кого е наменет проектот?
Проектот е наменет за просветните работници, како и за децата, учениците и родителите.
Дали други организации и компании можат да соработуваат со Едуино?
ЕДУИНО се заснова на принципите на колаборативност. Според ова, навистина сме отворени за каков било тип сугестии, идеи за соработка, вмрежување и заедничко дејствување за подобро образование.
Кои организации и партнери стојат зад овој проект и од кого е поддржан?
  • Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Амбасадата на Велика Британија во Скопје. Проектот се реализира со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ.
  • Проектот го спроведува Лабораторијата за социјални иновации, СмартАп.
  • Техничката изработка и одржување на веб-сајтот е резултат на работата на Synrg Software.

Контакт информации

ЕДУИНО-колективен портал
eduino@innovationlab.mk
ЕДУИНО ран детски развој
Наскоро
ЕДУИНО настава
Видеолекции: help@innovationlab.mk
Техничка поддршка: help@innovationlab.mk
Проблем со сертификати: sertifikat@innovationlab.mk
Вебинари: webinar@innovationlab.mk
Маркетинг: marketing@innovationlab.mk