


Во изминатиот период вие бевте тие кои со својот труд, време и знаење создадоа видеолекции и едукативни материјали за предучилишно, за основно и за средно образование.
Инспирирани од вас, ја дизајниравме иницијативата ЕДУИНО-амбасадори, која има цел јавна пофалба и оддавање признание на вашиот труд, како и селекција на група од исклучително вредни и посветени наставници, кои се истакнаа според поставените критериумите за кои може да прочитате подолу.
Ве покануваме да ја запознаете првата група ЕДУИНО-амбасадори, да ги слушнете нивните искуства, како и да дознаете за придобивките и начинот за приклучување кон оваа програма.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ЕДУИНО АМБАСАДОРИТЕ
НАШИТЕ ЕДУИНО АМБАСАДОРИ























КАКО
АМБАСАДОР

„Јавна презентација за постигнувањето“ – објавено ваше видеоинтервју на eduino.gov.mk и на социјални медиуми;

„Професионална заедница“ - станете дел од поголема заедница на ЕДУИНО-амбасадори корисна за споделување сугестии, насоки и новости;

„Пристап до обуки, работилници и конференции“ – можност да бидете дел од значајни едукативни настани;

„ЕДУИНО-амбасадори плакета и пофалница“ –потпишана и доделена од Бирото за развој на образованието;

„Достапни доделени лиценци за образовни дигитални алатки“ – со цел поттикнување на креативниот потенцијал и споделување на добри практики со заедницата.
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА
ЕДУИНО АМБАСАДОР
Селекцијата на ЕДУИНО-амбасадори се одвива според однапред одобрени критериуми од страна на Бирото за развој на образованието. ЕДУИНО-амбасадор може да стане секој член на ЕДУИНО-заедницата кој исполнил барем еден од наведените критериуми заклучно со декември 2020 година, кога е направен пресекот за првата група ЕДУИНО-амбасадори.
Поставените критериуми беа следниве

Наставници со снимени и објавени над 15 видеа

Наставници со изработени над 10 активности за игра во домашни услови
Во согласност со долгорочната замисла на оваа иницијатива, во текот на април-мај 2021 г. ќе бидат објавени новите критериуми за вклучување во групата за професионална соработка ЕДУИНО-амбасадори. Критериумите ќе бидат приспособени според пристигнатите материјали и ќе бидат јавно објавени и споделени со заедницата.
Целта на оваа заедница е да расте, да се проширува и да биде вистинска основа за поттикнување иновации во образованието, преку принципите на соработка и слободна размена на идеи.


ЕДУИНО е колективен портал за дигитални образовни содржини, соработка и професионален развој. Како колективен портал, ЕДУИНО се залага за поттикнување на отвореното споделување образовни ресурси и за поттикнување на иновативниот и креативен дух на просветните работници.
Во согласност со овие заложби, нашиот тим е отворен за сугестии, повратни информации и критики. Дополнително, отворени сме за нови идеи, соработки и можности. Затоа, ве покануваме слободно да ни пристапите со сите ваши прашања, вклучително и вашето изразување на интерес за иницијативата ЕДУИНО-амбасадори.
Нив можете да ги испратите секој работен ден на официјалната е-адреса: eduino@innovationlab.mk