
Драги родители,
Добре дојдовте на платформата ЕДУИНО-настава, на која се поставени над 300 видеолекции за предучилишната возраст, поделени во две возрасни групи, 3–4 и 4–6 години.
Ве покануваме да се забавувате и да учите со дел од нашите воспитувачки од Е-занимална!
Видеолекциите се подготвени од воспитувачи од целата држава и нудат можност за забава, игра, подучување и ново искуство за вашето дете.


ПРИРАЧНИК: УНАПРЕДУВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНИТЕ ПРАКТИКИ ВО РАНОТО ДЕТСТВО
Драги воспитувачи, во склоп на оваа секција од колективниот портал ЕДУИНО ќе го најдете прирачникот за воспитувачи и стручни соработници на темата „Унапредување на инклузивните практики во раното детство”. Прирачникот е наменет да ви помогне во унапредување на инклузивните практики во предучилишните установи со цел обезбедување услови во кои сите деца ќе имаат еднакви можности во процесот на раното учење.