Почитувани,

Би сакале официјално да ве известиме дека е затворен последниот повик за изработка на видеолекции!  

Заклучно со продолжениот рок за доставување на видеолекции, односно 15.07.2021 година, го одбележуваме финализирањето на процесот на поднесувањето на видеолекции. Би сакале да изразиме огромна благодарност до сите едукатори кои се одлучија да се приклучат кон повикот и да допринесат преку изработка на видеолекции за основно и средно образование со што се приближивме  кон финалната цел, односно комплетирање на националната библиотека за видео-лекции.

Особено сме горди на пристигнатите 312 видеолекции кои директно ќе бидат вклучени во финалната Националната Библиотека за видеолекции, која се очекува да биде финализирана наскоро. 

Преку креирањето на ваквата Национална библиотека целиме кон комплентна систематизација и дигитализација на образовните материјали, односно, реорганизација на досегашните архиви на видеолекции со што би се овоможило полесно филтрирање, селектирање и пребарување на истите.

Во однос на активности кои што следуваат во наредниот период, сакаме да ги издвоиме следните:

  1. Видеолекции: Во овој период нашиот тим ќе го стави фокусот на мејл сервисите на проектот и тоа: help@innovationlab.mk, sertifikati@eduino.mk и eduinomk@gmail.com па доколку имате било какви забелешки во однос на видеолекциите може да не исконтактирате најдоцна до 15.08.2021 
  2. Дигитални сертификати: Во периодот од 19.07.2021 до 21.07.2021, нашиот технички тим работеше на доставувањето на сертификати поврзани со повикот за видеолекции. Во однос на овој процес би сакале да напоменеме дека: 
    • Доколку не ви е пристигнат сертификат во погоре наведениот период потребно е да го контактирате нашиот тим со тоа што ќе испратите мејл до sertifikati@innovationlab.mk наведувајќи ги  вашите лични информации, наставните единици за кои сте изработиле видеолекции и кога сте ги доставиле истите.
    • Нашиот тим ќе биде достапен за поправка и поддршка во однос на сертификатите до средина на месец август (15.08.2021).
  3. ЕДУИНО Амбасадори: Парелелно ќе се извршува проверка на видеолекциите според наведените критериуми со цел да ја направиме селекцијата на новата група на Амбасадори. Ново селектираните Амбасдаори ќе бидат контактирани во текот на месец август и/или кон почеток на месец септември.
  4. Во меѓувреме може да ја следите новата рубрика насловена Edu Talks составена од седум разговори со едукатори кои ги реализиравме во текот на претходниот месец. EduTalks се инспирирани од потребата да се  истакне  важноста за правилниот раст и развој кај децата на возраст од 3 до 10 години во кој активно се вклучени родителите и воспитувачите.
    • Истите може да ги прочитате во сегментот за новисти на порталот ЕДУИНО

Ви стоиме на располагање за било какви дополнители коментари, прашања и сугестии при што може да ни се обратите на нашите социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм или да ни пишете мејл на eduino@innovationlab.mk.

За крај, уште еднаш би сакале да упатиме искрена благодарност кон сите наставници, воспитувачи, професори, советници, стручни соработници, училишта и институции кои се вклучија во овој процес. Заедно успеавме да оформиме библиотека со вкупно 4874 видео лекции, од кои 303 за предучилишно образование, 4056 за основно образование и 515 за средно образование, која ќе остане како ресурс за сите идни генерации на ученици.

Со почит,

Колективниот портал “ЕДУИНО”