Воспитувачи

Драги воспитувачи! 

Добре дојдовте на едукативната платформа со креативни материјали, игри и активности за вашата секојдневна работа во градинките. Активностите се креирани за поттикнување на социоемоционалниот развој кај децата и за поттикнување на учењето базирано на игра.

Во оваа секција може да најдете едукативни игровни активности за возрасната група ученици со која работите, да ги пребарате библиотеките според вашите потреби и да употребите активност за да креирате еден поразличен час!

Секоја едукативна активност содржи почетен опис: име на активноста, воспитно-образовно подрачје на кое ѝ припаѓа, цели, очекувани резултати од неа и начин на реализација – подготовка на материјалите, инструкции и насоки за активноста. Дополнително, повеќето активности содржат и прилози/фотографии, кои ќе ви послужат за реализација на активноста.

Сите активности се изработени од голем број едукатори низ земјата и нивната содржина е верификувана.

Дополнително, на оваа платформа имате можност да го надградите вашето знаење преку специјализирани обуки, прирачници за работа и корисна литература.

Активности - Воспитувачи

game-thumbnail
Бинго

Оваа активност ја подобрува мотивацијата и носи забава кај секој од учесниците. Активноста „Бинго“ го подржува детето во својата истрајност при процесите на учење и откривање.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Социоемоционален развојСоциоемоционален развој, Јазик, комуникација и развој на писменост
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Град од кутии

Имагинацијата сплотена со препознатливите градби од целиот свет. Сето ова направено на забавен начин, преку коцки и форми од кутии и листови за да се креира еден нов игровен свет и објект. Оваа активност ќе ја потикне просторната свест на вашето дете, ќе го поттикне подобро да ги разбере формите.

Воспитувач
4-6 години4-6 години, 6-8 години, 8-10 години
Воспитни активности во домашни условиВоспитни активности во домашни услови, Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
Домашни условиДомашни услови
game-thumbnail
Шарена игра

Забавна игра која овозможува да се научат имињата на боите и истовремено креативно да се изразува и да се направи ликовна творба.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Когнитивен развој и стекнување на општи знаењаКогнитивен развој и стекнување на општи знаења
game-thumbnail
Ежиња

Преку активноста Ежиња се зголемува самодовербата, истрајноста и креативноста кај секој од учесниците, како и се подобрува нивниот моторен развој. Кај децата се развива координираноста помеѓу окото и раката. Тие истовремено учат да ја користат повеќе доминантната рака. Се реализира за 30 минути и се изведува индивидуално.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Здравје и моторички развојЗдравје и моторички развој
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Препознај ги емоциите

Самодовербата, мотивацијата и истрајноста се карактеристики кои кај децата треба да се развиваат уште од најраната возраст. Препознај ја емоцијата дава одлична можност децата вербално да ги искажат своите емоции и да ги препознаат кај другите. Оваа активност придонесува децата да ги развиваат своите социоемоционални и комуникациски вештини

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Социоемоционален развојСоциоемоционален развој, Јазик, комуникација и развој на писменост
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Музички линии

Целта на оваа игра е да ги мотивира децата да повлекувааат линии според музиката која ја слушаат. Најпрво играта започнува со бавно темпо, при што постепено се забрзува. Играта е наменета за деца од 5 до 6 години. Овозможува искажување на мислите, чувствата и доживувањата на најразлични начини.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Музичко образованиеМузичко образование
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Волшебни ленти

Преку оваа активност кај детето се развива способност за воочување и споредување на разликите кај предметите, но и способност за изведување на координирани движења рака - око со различни материјали. Расте креативноста и се подобрува моторичкиот развој кај детето.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Здравје и моторички развојЗдравје и моторички развој, Когнитивен развој и стекнување на општи знаења
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Шарена гасеница

Целите на активноста се децата да се поттикнат кон воочување, препознавање и именување на круг, квадрат и триаголник. Наменета за индивидуална работа и работа во парови, работата во парови развива карактеристики на солидарност и емпатија кај децата.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Когнитивен развој и стекнување на општи знаењаКогнитивен развој и стекнување на општи знаења
Домашни условиДомашни услови, Просторија за учење (занимална)
game-thumbnail
Музички семафор

Оваа активност ја поттикнува креативноста и мотивацијата кај детето, со непосредно учество на музиката и емотиконите.

Воспитувач
4-6 години4-6 години
Когнитивен развој и стекнување на општи знаењаКогнитивен развој и стекнување на општи знаења, Музичко образование
Просторија за учење (занимална)Просторија за учење (занимална)
1 2

Дополнителни ресурси

Во секцијата „Ресурси“ може да пребарате дополнителна литература, прирачници, едукативни текстови, извештаи, истражувања, брошури и слично, кои го поттикнуваат социоемоционалниот развој кај децата, а се наменети за воспитувачи, одделенски наставници и за родители. Овие ресурси се поставени откако се соодветно проверени  од Бирото за развој на образование.

Дознај повеќе