Коцкаста приказна
Активноста „Коцкaста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на новите зборови во секојдневната комуникација.Преку оваа активност децата учат самостојно да се изразуваат усно и писмено, како да ги применуваат изучените граматички и правописни правила во писменото изразување и како да индентификуваат 3Д форма (коцка).
Доколку сте автор на оваа активност, ве молиме контактирајте не.
ножици; лепак; тетратки; прибор за пишување; марама;
Групна
Цели
Да се збогатува активниот речник; Да се развиваат способности за самостојно усно и писмено изразување; Да се применуваат изучените граматички и правописни правила при писменото изразување;Развивање на способности за идентификација на 3Д форма (коцка).
Резултати
Користење на новите зборови во секојдневната комуникација; Самостојно усно и писмено изразување; Примена на изучените граматички и правописни правила во писменото изразување; - идентификација на 3Д форма (коцка).
Игровна активност
На децата им се дава готов шаблон на коцка (прилог) и слики соодветни на коцката (прилози) за да се исечат и залепат.
Преку разговор и упатство на децата им се објаснува начинот и постапката на играта. (прилог)
Активноста „Коцкаста приказна“ е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст и им помага при користење на новите зборови во секојдневната комуникација. Преку оваа активност децата учат самостојно да се изразуваат усно и писмено, како да ги применуваат изучените граматички и правописни правила во писменото изразување и како да индентификуваат 3Д форма (коцка).