Во овие топли летни денови, кога уживате во распустот, вашиот годишен одмор и во прекрасните летни пејсажи, одлучивме со вас да ги споделиме активностите кои ги реализираше тимот на ЕДУИНО во изминатите три месеци.

Прво би сакале да зборуваме за една од омилените рубрики за професионален развој на нашите едукатори – ЕДУИНО Вебинарите. Пред крајот на учебната година, во месец мај, тимот на ЕДУИНО започна со првиот дел од третото издание на серијалот ЕДУИНО Вебинари. Овој серијал содржеше четири вебинари на три теми, во чиј фокус беа наставните компетенции со технолошка поддршка на наставата и инклузивното дигитално учење. Вебинарите беа двојазични – два беа одржани на македонски јазик (со симултано толкување на албански јазик), а последната, третата тема, ја одржавме засебно на македонски и на албански јазик. Особено сме горди што првиот дел од третиот серијал ЕДУИНО Вебинари беше проследен од над 5 200 слушатели, а со голема радост ве информираме сме во подготовка на вториот дел од овој серијал вебинари кој ќе се реализира на почетокот на новата учебна година.

Прочитајте ја нашата последна новост „Разговори со предавачи: Да си предавач на ЕДУИНО-вебинарите е предизвик и задоволство“.

По Едуино Вебинарите, крајот на учебната година го заокруживме со прогласување на Третата група ЕДУИНО Амбасадори! На 15 јуни ги прогласивме нашите нови 42 ЕДУИНО Амбасадори, по исполнување на сите критериуми при процесот на селекција од последниот отворен повик за поднесување на едукативни игровни активности. Горди сме што оваа заедница сега брои 75 членови. Во текот на подготовките за кампањата преку која ги претставивме новите ЕДУИНО Амбасадори, имавме посебна можност лично да се запознаеме со секој од нив и посведочивме на моментите на неизмерна радост и среќа.

Тука можете да ги погледнете фотографиите од средбата, а нашите нови амбасадори може да ги запознаете преку следниот линк.

Летниот распуст го започнавме со учество на една мошне значајна конференција за нашите ЕДУИИНО Амбасадори. Во текот на месец јуни, во организација на УНИЦЕФ, нашите партнери, поддржувачи на овој прокет, се одржа конференцијата „Национални консултации за трансформирање на образованието“ каде присуствуваше и тимот на ЕДУИНО. Конференцијата беше од консултативен карактер за потребните промени кои треба да се направат во нашето образование, каде нашите ЕДУИНО Амбасадори имаа главна улога во консултантивниот процес.

На нашиот ЕДУИНО портал, во моментов има повеќе од  600 едукативни игровни активности со кои можете да поминете супер забавно време ова лето со вашите најмили. Нашите предлози за едукативните игровни активности ги претставуваме преку тековната кампања – „РАСПУСТ НА ЕДУТУРН СО ЛЕТУНКА И ЛЕТУН“. 

Преку оваа кампања ги промовираме најновите игровни активности поставени на нашиот портал, како резултат на последниот отворен повик за поднесување едукативни игровни активности во месец февруари. Покрај одличната забава, дружба и супер поминато време, дечињата развиваат и вештини на многу интересен и забавен начин и се осознаваат себеси и светот околу себе. Следете ги нашите профили на социјалните мрежи – Фејсбук и Инстаграм и да бидете дел од ЕДУИНО заедниците – ЕДУИНО Заедница и ЕДУИНО Едукатори. За нас претставува особена радост и среќа што крајот на учебната година значеше почеток на реализација на активности кои се основа на сите идни чекори кои ги преземаме со цел подобрвање на образованието преку ко-креирање и иновации. 


До следно читање!

Тимот на ЕДУИНО