ambassador image
Атинула Ничова
Воспитувач
ЈДГОА „Срничка“ - Скопје
Би се опишала како воспитувач кој постојано истражува кои се најсоодветни практики во подготовка на амбиент кој обезбедува оптимални можности за рано учење кај децата, комбинирајќи го своето професионално знаење со долгогодишното искуството во работата со малите деца.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Атинула Ничова, воспитувач во јавна установа за деца Срничка - Скопје, со 23 годишно работно искуство во својата професија и човек кој својот професионален развој го разбира како доживотно учење. Магистерски студии завшив на отсекот Педагогија во областа на методиките. Во текот на мојата професионална кариера работев како обучувач на воспитувачи во државни, приватни градинки и центри за рано учење и развој во рурални средини. Понатаму имам искуство и како теренски истражувач и член во разни експертски тимови за развивање на законски документи од областа на детската заштита и надзор за мерење на квалитетот во установите за деца. Моето учество како ментор и тренер на лица кои работат со деца – мигранти и лица кои згрижуваат деца во домашни услови уште повеќе го збогатија моето професионално искуство. Автор сум на повеќе научни трудови од областа на раниот дестки развој, инклузивно образование и мултикултурализам во раното детсво.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Учествувам во сите дневни активности со децата, постојано набљудувајќи ги, учам од нив, креирам можности за избор на активности за учење, обезбедувам подеднаква вклученост во активностите на сите деца и обезбедувам безбеден амбиент за играње. Имам високи очекувања за развојните потенцијали кај сите деца, вклучувајќи ги и групите на ранливи деца. Го користам своето искуство за да го препознаам моментот кога детето покажува голем интерес за учење, со цел до максимум да ги стимулирам неговите развојни потенцијали. Креирам безбедна и стимулативна средина, исполнета со љубов и меѓусебна доверба. Најважно од се ми е децата да се чувствуваат значајни, сакани и безусловно прифатени во воспитната група.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Воспитувачите можат многу да направат за да ги охрабрат родителите да учествуваат активно во процесот на раното учење кај нивните деца. Во услови на пандемија, кога градинките и училиштата беа затворени и недостапни за децата, ЕДУИНО платформата одигра многу значајна улога. Мојот придонес во тој период беше да креирам видео материјали за поддршка на родителите во подучувањето на своите деца. Оттогаш започна мојата соработка со одговорните на овој портал и многу сум благодарна што продолжи и понатаму со извонредни содржини кои им помагаат на родителите во поддршката на социо-емоционалниот развој на нивните деца. Им препорачувам на сите едукатори да се вклучат и заедно да делуваме во креирање на професионални заедници кои посветено ќе работат на подобрување на образовниот систем во нашата држава.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Како ЕДУИНО Амбасадор постојано активно ќе делувам во подигнување на свесноста и значењето на социо-емоционалниот развој како и обезбедувањето на стимулативна средина за учење, со цел постигнување на поголем успех во образованието.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО платформата претставува богат извор на ресурси за едукаторите и овозможува споделување на професионални искуства со цел зајакнување на компетенциите на практичарите и пренесување на нивните знаења и вештини во секојдневната воспитно-образовна пракса.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Игра, забава и учење.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Горица Фердинанди
На своите ученици секогаш се обидувам да им ги направам часовите интересни и креативни, каде учењето се темели на учење преку игра.
ambassador image
Валентина Зиндл
ЕДУИНО е чекор кон напредок, успех и мотивација, им препорачувам на сите едукатори да земат активно учество во ЕДУИНО заедница.
ambassador image
Наташа Марковска
Сите децата независно од тоа каде живеат, нивите можности, етничката припадност или попреченоста имаат право на квалитетно образование.