ambassador image
Валентина Зиндл
Воспитувач
ЈУДГ „Буба Мара“ - Скопје
Ако треба да употребам бои наместо зборови за да се опишам себе си, тогаш ќе ми бидат потребни многу, а сликата ќе биде прекрасна, посебна, различна. Во животот секогаш се обидувам да го направам најдоброто, а најдоброто секогаш доаѓа подоцна. Затоа никогаш не престанувам да верувам во себе.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Валентина Зиндл, професор по предучилишно воспитание и образование и магистер по педагошки науки. Работата ме исполнува и ако нештата се невозможни за некого за мене се возможни. Во животот секогаш се обидувам да го направам најдоброто, а најдоброто секогаш доаѓа подоцна. Затоа никогаш не престанувам да верувам во себе.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Би го издвоила тоа што секогаш имам желба да научам нешто ново да ги развијам своите вештини, а преку тоа да внесам и нови активности во мојата занимална. Во оваа професија сум повеќе од две децении. Сум била учесник на повеќе од 10 проекти поврзани со раниот детски развој кај децата. Реализирани повеќе од 100 теми и повеќе од 1000 активности во градинка. Децата се 100% среќни, сигурни и полни со љубов и самодоверба.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Учењето преку обиди и грешки е мојата мотивација. Преку овој пристап кон мојата професија си дозволувам да ја искусам суштината на предизвиците со кои се соочувам како и вистинскиот начин како да се подобрам. Затоа продолжете да се обидувате, а со тоа и да откривате добри работи за себе и за децата. Бидете и вие дел од успешната ЕДУИНО приказна.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината ја гледам во активното учество на секој воспитувач во ЕДУИНО проектот. Секој со свое мислење, идеја, креативност и препознатливост. Иднината ја гледам во соработката, поддршката, охрабрувањето и поттикот, секој да се обиде да го прифати предизвикот, да биде дел од приказната наречена ЕДУИНО.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Дигитална алатка која е достапна за воспитувачи, наставници и родители. Таа нуди безброј идеи на активности за реализација, со кои се стимулира целокупниот детски развој. Но, нуди и можност личната идеја да се сподели, да се научи и прочита.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Предизвик.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Теодора Ѓорѓиеска
ЕДУИНО ни пружи можност креативните едукативни активности да останат засекогаш забележани на едно место.
ambassador image
Весна Пупучовска
Научив да користам одредени алатки што претходно не ги употребував.
ambassador image
Насер Адили
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.