
Валентина Тодорова
Одделенски наставник
ООУ „Димче Ангелов Габерот“ - Демир Капија
Спаѓам во групата на оние наставници кои се посветени, иновативни, доследни и неисцрпно мотивирани. Лично, се вбројувам во оние едукатори кои многу си ја ценат и сакаат својата професија, кои се полни со ентузијазам, амбиции и креативност и кои секогаш се подготвени за истражување на нови предизвици.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Валентина Тодорова, одделенски наставник при ООУ „Димче Ангелов Габерот“ - Демир Капија. Имам шеснаесет години работно искуство како наставник во одделенска настава, од кои шест години како наставник во комбинирани паралелки, во подрачните училишта на општина Демир Капија. Моите активности во текот на долгогодишното искуство како наставник се зголемуваа, со цел подобро образование на учениците. Лично, се вбројувам во оние едукатори кои многу си ја ценат и сакаат својата професија, кои се полни со ентузијазам, амбиции и креативност и кои секогаш се подготвени за истражување на нови предизвици. Новите достигнувања во светот во кој живееме (технологија, наука, екологија), во мене поттикнаа акција за личен и професионален развој, со цел имплементирање на иновации во наставата. Во текот на мојата работа, настојувам на учениците да не им биде здодевно. Секогаш се трудам преку креирање на разни игровни активности, до нив полесно да ја доближам секоја наставна содржина.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Од самите мои почетоци настојувам да реализирам интересни интерактивни часови, во кои учениците секогаш ќе бидат во центарот на вниманието, активно вклучени и поттикнати кон нови истражувања. Секогаш во училницата се чувствува духот на учениците, нивната енергијата и нивната креативност, која секогаш настојувам да биде поттикната преку примена на разни игровни активности. Така секој час станува интересен и го задржуваат вниманието на учениците, кои се мотивираат и охрабруваат за поголеми постигнувања. Добрата комуникација и соработка со родителите, е исто така важна за да се заокружи успешно воспитно образовниот триаголник: ученик-наставник-родител. Секое дете има големи можности да напредува, само треба да се создаде соодветна средина за негов индивидуален напредок.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Новите достигнувања во светот во кој живееме, кај мене поттикнаа акција за стекнување на нови вештини, со цел имплементирање на иновации во наставата. Играта, како метод на сознавање и развивање разни вештини кај учениците, ја користам секојдневно, одбирајќи разни креативни решенија. Со самото формирање на ЕДУИНО порталот, веднаш имав желба да бидам дел од активностие во склоп на истиот. Со самото мое учество во создавањето на игровни активности заедно со стотина наставници од цела држава, беше поттик за понатамошна моја заложба. Така, желбата за соработка со останатите наставници се зголеми. Желбата за споделување на применливи игровни активности, преку кои ќе се подобри работата во образовниот процес, а ќе се имплементираат и од страна на родителите, во домашни услови, стана реалност со отворениот повик на едукативни активности за учење и игра, наменети за деца од три до десетгодишна возраст, на платформата ЕДУИНО Ран детски развој.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Да бидам дел од семејството на ЕДУИНО за мене претставува голема чест, но истовремено претставува и одговорност. Одговорноста произлегува од самата доверба која ми е дадена од страна на ЕДУИНО. ЕДУИНО има огромни можности за надоградба на учениците, за комуникација и разменување идеи помеѓу наставниците и за стекнување креативни знаења кај родителите. Само со заедничка работа и соработка, ќе можеме да пронаоѓаме начини за оформување на трајни и понатамошно применливи знаења, кај нашите најмили. Самата иднина на образованието, од аспект на ЕДУИНО Амбасадор, ја гледам како место каде одлично ќе функционира триаголникот: ученик-наставник-родител. Иднина каде што фокусот е ставен на иновативност и креативност.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува платформа, кој настојува и успешено гради едно семејство, каде сите членови активно ќе учествуваат и несебично споделуваат свои искуства. ЕДУИНО е нашиот пат кон успехот, со воспоставување на применлива, трајна, квалитетна и иновативна настава. ЕДУИНО помага во учењето и обезбедува потребни вештини за живот во едно ново, современо општество. Богато виртуелно училиште, партнер во работата на наставниците и место на кое учениците се воведуваат во користење нов начин на учење.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Алка од синџирот образование.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Сања Алексоска
ЕДУИНО е поттик за истражување и користење на најдобрите стратегии кои ги следат глобалните светски предизвици во воспитно-образовната работа.

Николина Милевска
Верувам дека иднината на образованието е во примената на нови современи, дигитални методи кои ќе бидат соодветни на новите интереси и желби на учениците.

Сандра Колева
За мене магијата за успешен едукатор се состои токму во разбирањето на детските желби, интереси и начини на размислување.