Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Душица Јакимовска
Одделенски наставник
ООУ „Кирил и Методиј“ - Куманово
Јас сум истражувач, креативец и неуморен тркач со современите текови. Освен извршување на секојдневните редовни активности, моите афинитети кон музиката и драмата се мој порив кон пронаоѓање на таленти меѓу моите ученици кои ги вклучувам во воннаставни активности.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Душица Јакимовска одделенски наставник во ООУ „Кирил и Методиј“ - с.Романовце, во Подрачно училиште во Агино Село, Куманово - учител кој многу си ја сака професијата и децата. Од родители просветни работници, отсекогаш патеките ме водеа кон тоа да станам едукатор. Мотивацијата ја гледам во очите на секое дете кое како да чека што следно ќе се случи. Моите ученици ги поттикнувам да истражуваат, претпоставуваат, заклучуваат и разменуваат искуства. Од самите мои почетоци како учител во рурална средина, сакав да им овозможам на моите ученици можност за доживувања и искуства кои нема да ги разликуваат од другите деца кои поттекнуваат од градските средини. Тоа бараше многу енергија, креативност и средства, но секогаш се трудам моите ученици искуствено да учат. Затоа училницата ја претвораме во театар, камп, уметничко студио, подиум за танцување, спортска сала, (која ја немаме) па дури и кујна. Особено внимавам на градењето на социјалниот и емотивниот сегмент од личноста на детето, па така учењето и знаењето доаѓаат спонтано.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Прифаќам предизвици за професионално напредување, поврзување, комуникација и размена на искуства со колеги. Учествувам во меѓународни и меѓуучилишни проекти кои моите ученици и мене како едукатор на поинаков начин нѐ инспирираат. Соработката со родителите ми е важен фактор во воспоставувањето на триаголникот наставник-ученик-родител и особено ми значи довербата која ја стекнувам како учител во очите на учениците и родителите. Заедно со иновациите кои се трудам да ги применувам во секојдневната работа, љубопитноста што се развива кај учениците и довербата кај родителите, целам кон градење на сестрано развиени личности кои утре треба да станат чинители во нашето општество. Тоа е мисијата на еден посветен едукатор.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Сакам да внесувам новини во секој час, да бидам во чекор со промените, а сепак да не го изгубам детето во мене. Преку игра да им овозможам на учениците да гледаат на проблемите и задачите на поинаков начин. Спонтано да доаѓаат до решенија и нови начини на учење. ЕДУИНО ми даде можност игрите кои ги употребував на моите часови да ги споделам со другите колеги и да ги споделам моите идеи за слободно и спонтано учење. Сите наставници треба да прифаќаат предизвици за внесување на новитети во практиката, ЕДУИНО е таков предизвик и таква можност.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Верувам во учителот. Верувам во предизвици и надоградувањето на професионален план. Учителот доживотно треба да биде ученик. Образованието треба да е столб на една држава и верувам дека иновативните и креативни наставници ќе вложуваат во својот развој за да создадеме здрава иднина на оваа наше прекрасно парче земја.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
За мене ЕДУИНО е креативна збирка од прекрасни идеи на вистински професионалци кои си ја сакаат работата и несебично ги споделуваат тие идеи со другите. Тоа е единствена можност за учење надвор од „кутијата“ како за учениците, така и за наставниците и родителите - сите од ЕДУИНО можат да се инспирираат, образоваат, напредуваат.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Чекор напред.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Милица Кабранова
Добриот едукатор секогаш наоѓа лесен начин да им ги пренесе образовните задачи на учениците на рзбирлив начин за нив.
ambassador image
Сања Алексоска
ЕДУИНО е поттик за истражување и користење на најдобрите стратегии кои ги следат глобалните светски предизвици во воспитно-образовната работа.
ambassador image
Исак Османи
Им препорачувам на моите колеги да работат повеќе, да има повеќе видеолекции и сè што треба за подобро и поквалитетно учење.