ambassador image
Елена Мицовски
Образовен асистент во одделенска настава
ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола
По професија сум Детски психолог, долги години работам како образовен асистент. Љубовта кон децата, трпението, краетивноста, тимската работа, желбата за личен и професионален развој се мојата јака страна.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Работата со деца со посебни образовни потреби ме научи на многу работи. Пред сè дека пристапот кон децата со посебни образовни потреби и нивното прифаќање се најважни за остварување на поставените цели. Постигнувањето на целите може да биде многу бавно, но мојата упорност и трпеливост ме држат мотивирана во текот на работата, а при реализирање на дадена цел, среќата е неизмера, како од моја страна, така од страна на одделенските наставници и родителите.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како најголем успех во мојата практика во образованието е адаптирање на деца со посебни образовни потреби во инклузивна училишна средина. Понатаму почитување на правилата во училиштето, правила за однесување за време на час, за да може наставата да се одвива непречено. Поседувам авторитет и вештини да го смирам вознемиреното дете, да го мотивирам да ја изврши активноста кога се појавува отпор.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Кога работиме со деца најважно е да го задржиме вниманието на децата, часот да биде интересен, лесно да биде разбрана и доловена наставната содржина. На децата со посебни образовни потреби, често се случува класичното предавање на наставните содржини да им биде досадно, да изгубат внимание и концентрација, но кога има ЕДУИНО наставна содржина, вниманието се зголемува, а часот им е поинтересен.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Земајќи го предвид развојот на интернет технологијата, да ја искористиме колку што можеме повеќе во едукативни цели. Досега учествував со изработка на игри кои што го поттикнуваат раниот детски развој, се надевам дека во иднина како ЕДУИНО Амбасадор ќе изработам и сопствени видео лекции и презентации.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
За мене ЕДУИНО е начин за современа едукација. Брз, лесен пристап до едукативни содржини коишто задржуваат внимание и поттикнуваат интерес кај учениците.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Современа едукација.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Нусрет Хазири
Мојот главен мотив се учениците, а постоењето на видеолекциите е за тие да имаат дополнителна можност да го применат учењето на далечина.
ambassador image
Јелена Мандиќ
Во мојот фокус секогаш ќе биде соодветната едукативна подршка на децата преку користење на креативни игри и дигитална технологија.
ambassador image
Соња Апостоловска Трајковска
Нема подобро од тоа да живееш во денешниов свет на дигитализација и да ти бидат достапни сите содржини што ги изучуваш како ученик.