ambassador image
Елена Ташева
Младински активист
Работам како младински едукатор во невладина организација и сум во постојан контакт со млади и деца. Како едукатор би се опишала како проактивна, креативна и иновативна – мојата цел во работата е да креирам неформални програми и методи, преку кои на забавен и интерактивен начин.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Проактивен, интерактивен, креативен. Елена Ташева, Неготино, м-р по маркетинг и менаџмент. Иако не предавам во моментов во ниту едно училиште, работам како младински едукатор во невладина организација и сум во постојан контакт со млади и деца. Како едукатор би се опишала како проактивна, креативна и иновативна – мојата цел во работата е да креирам неформални програми и методи, преку кои на забавен и интерактивен начин ќе ги доближам темите до младите. Исто така, поборник сум и водам страница за заштита на животната средина и еко-начин на живеење, и во моментов разработувам идеја за сликовница за деца на таа тема.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Дека вниманието во училница не се добива со монотонија и рецитирање на учебникот, туку со практични примери во кои сите ќе учествуваат. Дека знаењето не се става со инка, туку преку паметење и доближување на материјата најблиску до децата. И дека наставникот не е авторитет со викање и казнување, туку со љубов и труд. Сепак, единствена причина поради која сме едукатори и наставници се децата и младите, нели?
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Отсекогаш сум сакала идеите и начинот на кој ги спроведувам активностите со младите да ги споделам со другите, да ги инспирираме другите да создаваат активности, да не се сведува само на веќе познатите или да чекаме некој друг да го направи тоа. За време на пандемијата максимално го искористив времето да се посветам на пишување, изработка на активности, снимање и документирање, како и неколку заеднички соработки со други страници за детски активности како „Креативна библиотека за деца“ и сл.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината ќе се фокусира на иновативност и креативност.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Ризница на идеи и активности што ќе го стимулираат развојот на детето, а ќе им ја олеснат работата на родителите.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Бесконечен.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Даниела Милошеска
Суштината на поимот воспитување за мене значи работна обврска и желба за пренесување на знаењето, создавање и градење на личности.
ambassador image
Валентина Гаврилоска
Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
ambassador image
Марија Богатиновска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме можност да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.