Емилија Стојановска
Наставник по англиски јазик
ООУ „Браќа Миладиновци“ - с.Миладиновци, Илинден
Би се опишала себеси како посветен, креативен и трпелив наставник, истовремено како неуморлива личност во процесот на професионален развој и надградба. Имено, би рекла дека постојано си поставувам нови цели и неуморно ги остварувам. Уште една клучна карактеристика за мене како едукатор е веројатно тоа што детето во мене уште постои и е активно.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Емилија Стојановска и веќе 12 години работам во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Миладиновци, Општина Илинден. Доаѓам од Скопје и предавам Англиски јазик. Уште кога првпат започнав да работам, ми ги доделија часовите во одделенска настава и поголемиот дел од времето работам со помалите ученици, со само неколку часови во предметна настава. Би се опишала себеси како посветен, креативен и трпелив наставник, истовремено како неуморлива личност во процесот на професионален развој и надградба. Имено, би рекла дека постојано си поставувам нови цели и неуморно ги остварувам. Уште една клучна карактеристика за мене како едукатор е веројатно тоа што детето во мене уште постои и е активно. Уживам во бои, шаренило, разноликост, музика, цртани филмови, игри… сето ова ми помага да се доближам повеќе до моите млади ученици и да го придобијам нивното внимание на часовите. Најголемата награда и признание за мојата работа и вложување се детските искрени насмевки, сјајот во очите по завршениот час или активност и нивната желба да учат уште повеќе. Би додала и дека не се плашам од критика или од каква било забелешка, сето тоа се трудам да го претворам во нов извор на знаење и надградба. Најважно од сè е што се трудам секоја ситуација да ја претворам во можност за професионален развој, дали тоа е формален состанок, семинар или неформален разговор со колегите или пак рефлексија по завршен час.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Мислам дека не можам да дефинирам една работа која ме направила едукаторот којшто сум денес. Имено, сметам дека тоа е еден долготраен процес кој всушност никогаш не завршува, бидејќи секогаш можеме да бидеме подобра верзија од себе и како личности и конкретно како наставници. Несомнено, начинот на кој се менува светот наметнува промени во секој сегмент во животот. Постојат неколку работи кои ми помогнале да сфатам колку е важно да се работи на себе и што значи да си добар наставник:
1. Мојата мајка - професор по Англиски јазик со неверојатно искуство и заслуги во професијата која и првично беше причина за мојот избор на професија.
2. Семинари и обуки на почеток на кариерата - дел од нив ги финансирав сама, дел беа организирани од БРО или поддржани од училиштето, но беа многу важни за мене како наставник-приправник правилно да ја насочам мојата креативност и да сфатам колку е важна надградбата.
3. Соработката со Британскиот совет од Канада - сосема случајно нивни претставник ме исконтактира откако ги виделе моите идеи за часови споделени на мојот блог. Оваа соработка резултираше со снимање часови за нивни онлајн курс. За мене тоа беше едно вредно признание за мојата работа и заложба како и една многу важна потврда дека начинот на работа кој го практикувам е квалитетен и инвентивен.
4. Соработката со Филолошкиот факултет, група Англиски јазик и книжевност. Особена благодарност до професорката Елена Ончевска-Агер, која како огромен ентузијаст и бескрајно посветена на својата работа ме научи дека сè може да биде можност за професионален развој. Секоја соработка со неа ме полни со енергија и со идеи за нешто ново и би додадала дека колку нејзините студенти учат од мене за време на хоспитациите, толку и јас учам од нив за време на нивните дискусии за моите часови.

Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Ова го сфатив како уште еден предизвик. Онлајн наставата ме натера да размислувам во друга насока. Односно колку е важно да сме во чекор со времето и колку треба да го прошириме нашиот видик. Како што напоменав и претходно работата со учениците од 1-во до 4-то одделение беше причина да се обидам да креирам видеолекции кои би биле доволно интересни, примамливи и едукативни за децата на оваа возраст. Штом почнав, не можев да застанам.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Сметам дека се потребни големи промени во нашето образование, од многу аспекти. Но, најважно во моментот е да се врати желбата на наставниците да ја работат својата работа и враќање на угледот во очите на учениците и родителите. Сметам дека постои многу квалитетен кадар во нашата земја, но едноставно нема како да дојде до израз. Нема начин како да се промовира, а истовремено не добива никакви заслуги или признанија за својата работа и сето тоа резултира со губење мотив за извршување на истата. Сметам дека да се биде ЕДУИНО-амбасадор е можност да ѝ се покаже на јавноста дека во нашата земја има многу квалитетни наставници кои одлично ја работат својата работа, а истовремено да се биде и мотивација за сите колеги кои можеби се чувствуваат потиснати да се истакнат односно да ги покажат своите квалитети и да се докажат како врвни професионалци. Оттука, доколку кадарот е мотивиран, се слуша неговиот глас и му се овозможени постојани можности за надградба, сметам дека образованието постепено ќе ја добива онаа форма којашто би требало да ја има.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене е едно катче кое одамна му беше потребно на нашиов простор и за кое мислам дека сè уште многу луѓе не се свесни кои размери ги има и што претставува. Тоа е простор каде што конечно наставниците се во прв план, место каде што можат да се споделат идеи, да се научи нешто ново, да се даде и прими поддршка. Место каде што може да си ги кажете вашите недоумици во однос на работата и за истите да добиете одлични идеи и поддршка. ЕДУИНО е нешто што допрва треба да порасне во нешто уште поневеројатно.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Професионален развој.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Билјана Арсовска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме простор да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.

Соња Апостоловска Трајковска
Нема подобро од тоа да живееш во денешниов свет на дигитализација и да ти бидат достапни сите содржини што ги изучуваш како ученик.

Весна Јованова
ЕДУИНО е нашата можност за професионалното напредување, чекор поблиску кон суштински промени во образованието.