
Жарко Алексовски
Наставник по географија
ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ – с. Ранковце
Најголема мотивација ми беше тоа што сум почетник во професијата (една година откако работам), сакав да научам нови начини на предавање, нови методи, да им помогнам на сите ученици во ова време на пандемија. Им препорачувам на сите наставници што имаат можност и желба да помогнат во проширувањето на колективот на ЕДУИНО.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Жарко Алексовски, предавам во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Ранковце, живеам во општина Ранковце, предавам географија, бидејќи сум од скоро во професијата, максимално се трудам, гледам на што поедноставен начин да ги објаснам сите работи и сум колективен [BK1] во секое поле од професијата.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Максимално да им се посветам на сите ученици и секое знаење соодветно да го вреднувам.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Најголема мотивација ми беше тоа што сум почетник во професијата (една година откако работам), сакав да научам нови начини на предавање, нови методи, да им помогнам на сите ученици во ова време на пандемија. Им препорачувам сите наставници што имаат можност и желба да помогнат во проширувањето на колективот на ЕДУИНО.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието е столбот на една држава, преку реформите во образованието ќе се подобри квалитетот на образовниот кадар, учениците ќе треба да размислуваат самостојно и секој да се пронајде во полето или во областа за која има најмногу претензии. Јас како амбасадор ќе продолжам да помагам во креирањетоа нови видеа и се надевам дека учениците ќе бидат задоволни од моите излагања и презентации.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Платформа од која учат и учениците, а и ние како наставници.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Едукативно образовна платформа.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Исак Османи
Им препорачувам на моите колеги да работат повеќе, да има повеќе видеолекции и сè што треба за подобро и поквалитетно учење.

Снежана Гуцуљ
Верувам дека секое дете има огромни потенцијали кои ние, возрасните, треба да ги препознаеме и со соодветен пристап да работиме на нив.

Симона Палчевска
ЕДУИНО порталот го замислувам како едно големо срце кое дава живот, многу љубов на едно место за сите деца и возрасни.