
Зорица Адамчевска
Одделенски наставник
ООУ „Петре Поп Арсов“ – Богомила
Можноста да направиш мозаик од сите твои веќе испробани нешта. Прекрасно е чувството кога некој наставник, кој воопшто не те ни познава, ќе ти пренесе порака: „Денес Вие им бевте наставничка на моите ученици на два часа“, и во моментот добиваш серија слики од нивните изработки.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Одделенски наставник Зорица Адамчевска, којa цели 15 години се дружи со најмалата ученичка популација, првачињата, секојдневно поминувајќи пат од 50 км. до ООУ „Петре Поп Арсов“ – с. Богомила, о. Чашка. Каков едукатор? Некој што го дава својот максимум од посветеност за да ја добие довербата од секој ученик.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
ИГРАТА. Има ли подобра стратегија за учење од тоа да го видиш интересот за игра, упорноста да се успее, да се победи и, на крајот, ги гледаш оние озарени очиња и слушаш експлозивно: „УСПЕАВ!“
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
МОТИВ. Можноста да направиш мозаик од сите твои веќе испробани нешта. Прекрасно е чувството кога некој наставник, кој воопшто не те ни познава, ќе ти пренесе порака: „ Денес Вие им бевте наставничка на моите ученици на два часа“ и во моментот добиваш серија слики од нивните изработки. Е, тогаш едноставно чувствуваш дека ТИ МОЖЕШ. ШТО ИМ ПОРАЧУВАМ? Обидете се – потребна ви е само конкретна цел, добра идеја, задолжителна интеракција и малку трпение.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Со мали чекори до големи промени! Мотивираниот наставник и за навидум невозможното има решение! Се обидовме и успеавме !
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Место каде што секој член на заедницата може да пронајде делче за себе – ученик, родител, наставник, почетник...СЕКОЈ
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
ИЗЛЕЗ / РЕШЕНИЕ / ЕУРЕКА / КОМПЛЕТЕН ТИМ / ПОДДРШКА.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Теодора Ѓорѓиеска
ЕДУИНО ни пружи можност креативните едукативни активности да останат засекогаш забележани на едно место.

Душица Јакимовска
Благодарение на ЕДУИНО имав можност моите едукативни активности да ги споделам со едукатори, родители и деца од целата држава.

Валентина Зиндл
ЕДУИНО е чекор кон напредок, успех и мотивација, им препорачувам на сите едукатори да земат активно учество во ЕДУИНО заедница.