Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Зорица Милкова
Одделенски наставник
ООУ „Тошо Велков-Пепето“ - Кавадарци
Себеси би се опишала како креативна, иновативна и неуморна личност кога се работи за креирање и реализирање на воспитно образовниот процес. Континуриано се надградувам и ги следам новите образовни трендови. Задоволството на моите ученици ми е на прво место, а исто така и соработката со родителите кои безрезервно ме поддржуваат.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Зорица Милкова, одделенски наставник во ООУ „Тошо Велков – Пепето“ во Кавадарци. Ова е мојата 12 година како наствник, година која за мене е посебно важна бидејќи се стекнав со звањето прв наставник-ментор во моето училиште за што сум посебно горда. Јас сум едукатор кој континуирано работи на својот професионален развој. Амбициозна сум, сакам да истражувам и воведувам современи дигитални алатки во образовниот процес, креативна сум и неуморна кога се во прашање креирањата на дидактички помагала без кои образовниот процес би бил само фронтално претставување на знаењата. Поборник сум за активна настава и настава која го развива критичкото размислување на учениците. Секогаш сум спремна за откривање нови и современи методи кои го подобруваат воспитно-образовниот процес.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Јас сум наставник кој секогаш се труди да изработи и реализира нешто ново, креативно, возбудливо и шаренолико. Би ги издвоила следните карактеристики кои ме прават едукаторот денес: јас сум пред сè другар со моите ученици кој во дадени моменти се спушта на исто ниво со нив, детето во мене е сè уште будно и активно. Мојата училница е место во кое сите деца се исти, почитта и другарувањето се на прво место, но секако и дисциплината која е пат до успехот. Мојата училница е иновативна, а јас сум секогаш расположена за реализација на идеите на моите ученици.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО за нас наставниците е алатка која стана секојдневие, едукативен портал кој нуди образовни содржини и игровни активности кои се од голема помош во образовниот процес. Да се биде дел од ЕДУИНО е чест. Се чувствувам горда и исполнета затоа што имав можност да придонесам кон библиотеката на ЕДУИНО игровни активности во склоп на платформата ЕДУИНО Ран детски развој. Со читањето и примената на едукативните активности на ЕДУИНО се разбуди и мојата желба за споделување на игровните активности кои ги реализирам со моите ученици. Меѓусебното споделување може само да ни биде од помош, затоа драги колеги, вклучете се во ЕДУИНО заедницата бидејќи заедно сме посилни. Ние сме двигателите во општеството, идолите на нашите деца, ние го креираме патот кон успехот.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Како ЕДУИНО Амбасадор ќе се трудам да придонесам кон подобрување на образовниот процес, да бидам во чекор со промените кои доаѓаат и да ги оправдам очекувањата на учениците и родителите. Се стремиме кон дигитализација на воспитно–образовниот процес, затоа треба да бидеме во чекор со времето, континуирано да ги надоградуваме нашите дигитални вештини со цел да се подготвиме за иднината. Во иднина се надевам на сè поголемо користење современи дигитални алатки и интерактивни софтвери кои ќе бидат лесно достапни за сите, за што повеќе да се поттикне одржувањето на современи часови исполнети со игровни активности кои на децата ќе им остават посебни сеќавања.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува современа едукативна платформа која нуди безброј примери на добра практика, игровни активности за примена во училница, занимална и во домашни услови. ЕДУИНО е ризница на идеи кои континуирано треба да се надополнуваат. Поставените содржини на ЕДУИНО се трајно богатство кое ќе го користат уште многу идни колеги, ученици и родители.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Непресушен извор на идеи.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Весна Бошковска
Треба да создадеме генерации со развиено чувство на емпатија, самодоверба, способност за тимска работа и критичко размислување.
ambassador image
Николина Милевска
Верувам дека иднината на образованието е во примената на нови современи, дигитални методи кои ќе бидат соодветни на новите интереси и желби на учениците.
ambassador image
Марија Богатиновска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме можност да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.