
Исак Османи
Наставник по македонски јазик
ООУ „Мехмет Дерала“ – с. Градец
Децата се иднината, децата се сè за своите родители и за општеството. Нивното образование е благородна работа. Ние како родители, наставници, професори, свесни сме дека децата се сè за општеството. Тие треба да се едуцираат, да се образуваат за подобра иднина.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Исак Османи, професор по македонски јазик во ООУ „Мехмет Дерала“, с. Градец. Живеам во с. Градец. Долго време – над 20 (дваесет) години – работев во ООУ „Наим Фрашери“ во с. Неготино, Полошко, општина Врапчиште, а од 2015 работам во с. Градец, во ООУ „Мехмет Дерала“. Сум предавал македонски јазик и математика, од искуството стекнато на Електротехничкиот факултет, кој, за жал, го немам завршено. Како едукатор со повеќегодишно искуство во разни училишта, имам добар прием на средбите со децата на кои сум им предавал и многу убави зборови. Мислам сè најдобро за децата и за нивната иднина.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Децата се иднината, децата се сè за своите родители и за општеството. Нивното образование е благородна работа. Ние како родители, наставници, професори, свесни сме дека децата се сè за општеството. Тие треба да се едуцираат, да се образуваат за подобра иднина. Јас како едукатор, предавач, наставник имам поинаков пристап кон децата. Со добри зборови и кога предавам и кога испрашувам се обидувам да бидам близок со нив и да ги поттикнам да го искажат стекнатото знаење. Да бидат блиски со мене, да ме прашат за сè што не знаат и не разбираат. Им давам насоки од каде да учат, каде да најдат материјали за надградба и како да го прават тоа. Со еден збор – сè за нив.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Мојата мотивација е децата да не останат без училиште и да не ја изгубат годината. Ги гледав моите деца тажни зашто не одат на училиште и ме прашуваа за разни нешта што им беа непознати: од каде и што да учат. Си помислив дека и другите деца ја имаат истата мака. И, си реков: „Зошто да не почнам и јас да снимам видеолекции за платформата ЕДУИНО. Така децата ќе имаат повеќе материјали за учење.“ Им препорачувам на моите колеги да работат повеќе, да има повеќе видеолекции и сè што треба за подобро и поквалитетно учење.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Да се подобри, да биде поквалитетно, поорганизирано, за подобра иднина. И, зошто да не, да се прошири платформата ЕДУИНО со понови содржини.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Добра можност за учење.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Училиште.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Елена Мицовски
ЕДУИНО е начин за современа едукација. Брз, лесен пристап, едукативни содржини кои поттикнуваат интерес кај учениците.

Љазиме Амети
Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги реализирам на дистанца овие лекции со едукативен карактер.

Наташа Тодоровска
Како ЕДУИНО-амбасадор, на моите колеги би им порачала да станат член од ЕДУИНО-заедница, ако секој од нас сними барем по еден час, ќе имаме ризница од едукативни часови.