Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Кадрије Арифи
Наставник по математика
ОУ "7-ми Март" - с.Опаја
Најмногу ми значи во мојот професионален развој тоа што во овој краток временски период, се обидов да соработувам со искусни наставници, со цел да постигнам приспособување на наставните методи за секој ученик.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Кадрије Арифи, од село Опаја, Општина Липково и сум наставник по Математика во ОУ „7 Март“. Како наставник, се обидувам подобро да ги запознаам учениците следејќи го развојот на нивното знаење. Ми се допаѓа работата со деца и верувам дека образованието има моќ да го промени животот.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Сè уште не сум една од наставниците со долгогодишно искуство, но она што најмногу ми значи во мојот професионален развој е тоа што во овој краток временски период, се обидов да соработувам со искусни наставници, со цел да постигнам приспособување на наставните методи за секој ученик.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
На почетокот, кога беше креиран порталот ЕДУИНО, бев помалку информирана за процесот на изработка на видеолекции и ми изгледаше малку тешко. Но, кога се објави вториот повик, сакав да направам нешто што ќе остане за многу генерации. Се разбира, главниот мотив се учениците. Моја препорака е да се обиде секој наставник, бидејќи тоа е за доброто на учениците.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Како ЕДУИНО-амбасадор, иднината ја гледам како наставник кој постојано се стреми да најде иновативни и приспособливи стратегии како и модели на предавање за време на наставата.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е платформа преку која наставниците можат да ги користат своите креативни идеи да создадат едукативни материјали. ЕДУИНО беше најубавото нешто за време на пандемијата, бидејќи беше платформа што им овозможи на учениците да не бидат целосно одвоени од книгата и од образовниот процес. ЕДУИНО е местото каде што учениците можат да ги сретнат наставниците во секое време.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Библиотека.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Марија Богатиновска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме можност да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.
ambassador image
Насер Адили
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.
ambassador image
Станче Штерјовска
ЕДУИНО за мене е совршената, можност да придонесам кон поттикнување на правилниот ран детски развој кај децата.