
Ксенија Николова
Одделенски наставник
ООУ „Гоце Делчев“ - Струмица
Како едукатор во рурална средина 25 години се трудам на учениците да им го покажам вистинскиот пат по кој треба да чекорат, да се пронајдат и да се осознаат. Заедно истражуваме, се едуцираме, експериментираме и уживаме во сите заеднички денови. Убавината на нашата професија не се искажува со зборови, таа се доживува.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Ксенија Николова, одделенски наставник во ООУ „Гоце Делчев“ - Босилово, Општина Босилово. Потекнувам од учителска фамилија и можеби тоа е клучот за мојот успех. Ги следам новитетите, вложувам многу во мојот личен и професионален развој. Ги сакам децата и секогаш се водам според моето мото: „Загледај се во длабочината на детските очи и ќе го добиеш одговорот за твоето постоење“.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Работата во рурална средина е вистински предизвик. 25 години се трудам на учениците да им го покажам вистинскиот пат по кој треба да чекорат, да се пронајдат и да се осознаат. Заедно истражуваме, се едуцираме, експериментираме и уживаме во сите заеднички денови. Убавината на нашата професија не се искажува со зборови, таа се доживува.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Добив желба да станам дел од ова прекрасно семејство на посветени работници и едукатори, бидејќи сакав да придонесам кон подобро образоваие за сите деца. На секој едукатор би му препорачала да биде дел од ЕДУИНО заедницата и заеднички да оставиме трајни вредности за сегашните и идни генерации. Сепак, тие се нашето богатство, нашето вчера, денес и утре.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Само со љубов и посветеност кон работата, образованието ќе има иднина. Колку повеќе се вложуваме, едуцираме, разменуваме идеи и си помагаме како едукатори, толку повеќе ќе имаме генерации на ученици со трајни, вистински знаења и вредности.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене најпрво беше предизвик, а сега семејство. Место каде што ќе се среќаваме сите: ученици, родители и наставници. Со еден збор, сите чинители на воспитно-образовниот процес.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Предизвик.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Љазиме Амети
Желбата за нови предизвици ме мотивираше да ги реализирам на дистанца овие лекции со едукативен карактер.

Снежана Гуцуљ
Верувам дека секое дете има огромни потенцијали кои ние, возрасните, треба да ги препознаеме и со соодветен пристап да работиме на нив.

Тинка Палиниќ
ЕДУИНО ме поттикна на критичко размислување и примена на стекнатите искуства и знаења во наставата.