Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Маја Митева Петроска
Наставник по англиски и македонски јазик
ООУ „Никола Карев“ - Крушево
Од првиот работен ден сум максимално посветена на постојана професионална надоградба, следење на образовните трендови и секојдневно воведување на новитети во наставата. Уживам во работна атмосфера во која доминира шаренило од песнички, приказни, креативност и многу игровни активности.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Маја Митева Петроска, предметна наставничка по македонски и англиски јазик, која ја има таа среќа повеќе од десет години да предава англиски јазик во одделенска настава. Јас сум едукатор кој постојано и неуморно бара нови предизвици. Од првиот работен ден сум посветена на постојана професионална надоградба, следење на образовните трендови и воведување новитети во наставата. Но, токму работата со најмалите ученици во најголема мера ме оформи како едукатор кој сум денес. Најмалите ученици имаат потреба од мотивиран и креативен наставник, кој на непосреден начин, преку шаренило од игри, песнички и приказни ќе успее да го придобие нивното внимание и да ги поттикне на меѓусебна соработка, дружење и учење. Токму креативноста е мојата главна водилка кон реализација на наставата на интересен начин, со изработка и вклучување на игровни активности и создавање на стимулативна средина во која ќе дојде до израз потенцијалот на секое дете.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Мојата училница е местото каде секојдневно ги поставувам и остварувам своите највисоки цели и предизвици. Училницата е нашето среќно место, каде растеме, учиме, другаруваме, се почитуваме и меѓусебно се мотивираме. За мене успешен час е секој час на кој учениците се среќни, исполнети и активни, а тоа најлесно го постигнувам со постојано вклучување на игровните активности во сите делови од часот. Токму играта е мојата најдобра практика која изминативе години е главната карактеристика на мојот стил на поучување. Преку вклучувањето во игровните активности учениците се поттикнуват на истражување, креирање, моделирање, а истовремено несвесно се учат на почитување правила, соработка, развивање самоконтрола и развивање чувство на емпатија. На тој начин секојдневно ги остварувам сите зацртани цели, а учениците учат на еден интересен и непосреден начин, преку игра до добивање на трајни знаења.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Мојот став во животот, не само како едукатор, туку и како мајка на две мали деца, е дека вклучувањето на игровни активности кај децата уште од најмала возраст во голема мера ја зголемува нивната самостојност, самодоверба и интелигенција и е предуслов за среќно и исполнето детство на едно дете. Токму поради тоа, со голема мотивираност и посветеност го прифатив предизвикот на ЕДУИНО за креирање на игровни активности. Истовремено, многу ми се допадна идејата дел од активностите кои ги изработувавме да бидат наменети за реализација и во домашни услови, со помош и надзор на родителите. Родителите и нивната вклученост во развојот на децата од најрана возраст се клучната алка за создавање и негување на стимулативна средина за правилен раст и развој на децата. Децата го заслужуваат само најдоброто и затоа, сите ние заедно, наставници и родители, сме должни да им го обезбедиме тоа, овојпат со голема поддршка и поттик на ЕДУИНО.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
За мене, да се биде ЕДУИНО Амбасадор е голема чест, но истовремено и обврска совесно и посветено да одговорам на сите предизвици со кои се соочува образованието денес. ЕДУИНО е нашиот „ветер во грб“ да покажеме дека можеме, знаеме и сакаме да бидеме дел од една успешна образовна приказна која ќе остане како аманет за сите идни едукатори. Убаво е да се биде дел од приказна во која акцентот е ставен на квалитет, професионален развој, отворање на нови видици и перспективи, постојано добивајќи поттик и поддршка за успешна реализација на сите поставени цели. Истовремено, меѓусебната соработка, споделувањето на идеи, знаења и искуства, како и меѓусебното мотивирање се начините на кои едукаторите соодветно ќе одговорат на сите предизвици на современото образование и ќе бидеме во чекор со моделите на успешен образовен систем во светот.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е место каде се поставуваат високи цели, се наоѓаат големи предизвици и се раѓаат убави идеи. Истовремено е и прекрасен спој на квалитет, креативност, посветеност и мотивираност на сите едукатори кои се дел од овој концепт.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Образовна ризница.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Шемсие Ајдари
Е-учењето, како модерен начин на учење, нема да ги задоволи сите барања и потреби на учењето и на ученикот, но е неизбежен и комплементарен дел од традиционалното учење.
ambassador image
Хилда Димитриевска
ЕДУИНО е заедница на иновативни едукатори подготвени за соработка, поврзување, поддршка и размена на совети и добри практики.
ambassador image
Биљана Стојановска
Многу големо внимание посветувам и на развивање на карактерните вредности кај учениците на нивната самодоверба, љубопитност, почитување и хуманост.