
Милица Кабранова
Одделенски наставник
ООУ „Тошо Велков - Пепето“ - Кавадарци
Би се опишала како истраен наставник кој се стреми да ги постигне поставените цели. Новините во образованието ми се предизвик кој сакам да го остварам. Со учениците сум добар наставник , но исто така и другар кој често ги советува и поттикнува кон искреност.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум наставник кој се стреми да ги реализира поставените професионални и образовни цели. Секогаш сум подготвена да се соочам со предизвиците и новините во образованието. Се трудам да ги образовам и воспитувам учениците преку игра. Со нив сум не само наставник, туку и другар на кој може да му ги кажат своите тајни, стравови и слично. Често водам отворени разговори со нив преку кои јасно можат да ги изразат своите мислења.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Добриот едукатор секогаш наоѓа лесен начин да им ги пренесе образовните задачи на учениците на разбирлив начин за нив. Следејќи ги образовните новини, користејќи ги бројните дигиталните алатки, ја поттикнувам и зголемувам заинтересираноста на учениците кон соодветниот предмет т.е наставна единица. Ја поттикнувам нивната љубопитност и ги насочувам самите да дојдат до соодветни заклучоци.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Во периодот додека наставата се одвиваше онлајн, морав да се снаоѓам на најразлични начини за да допрам до моите ученици, да го задржам нивното внимание подолг период пред камера. Снимените часови од моите колеги беа еден од начините да успеам да го задржам и насочам вниманието на учениците. Овие часови беа предизвик за мене и ме поттикнаа да дадам свој придонес кон ЕДУИНО порталот. На останатите едукатори би им препорачала да ги споделат своите необични и интересни часови, како би го олесниле образовниот процес во секоја ситуација, како што беше случајот за време на пандемијата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Секое дете се раѓа како табула раса - чиста табла. Ние наставниците со помош на образованието ја надополнуваме таа чиста табла со нови знаења, вештини, искуства. Иднината на образованието е пред голем тест кој треба да го положиме не само ние наставниците, туку и учениците и родителите, како дел од ова значајно тројство. Да обезбедиме подобри услови за учење, преку разни стимулативни средини во кои ќе земе учество погоре наведеното „тројство“.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
За мене ЕДУИНО е една библиотека богата со практики, искуства кои може да ги искористиме во соодветна ситуација. Врска меѓу наставниците од различни училишта во земјата, лесно достапен начин за комуникација и размена на искуства. Портал од кои ќе учат учениците на лесно достапен начин.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Широко отворена порта.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Даниела Милошеска
Суштината на поимот воспитување за мене значи работна обврска и желба за пренесување на знаењето, создавање и градење на личности.

Невенка Иванова Толеска
Ја имам најубавата професија и секојдневно уживам во мојата работа, а тоа е можеби највредната лекција која им ја пренесувам на моите ученици.

Тодорка Нане
ЕДУИНО претставува важен дел од мозаикот наречен современо образование, можност сите наставници да помогнат кон подобрување на образованието.