
Наташа Марковска
Одделенски наставник
ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола
Да се биде наставник, значи во исто време да се биде педагог, психолог и методичар. Јас сум наставник кој сака да работи на себе и својот професионален развој. Секогаш сум во тек со најновите настани и пробувам суштиски да ги разберам предизвиците со кои се соочуваат новите генерации.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Би се опишала како наставник што поседува широки знаења од областа со која се занимава, дигитално писмен, со повеќегодишно работно искуство. Активно сум вклучена во сите семинари и можности за стекнување на нови вештини како и општата работа на училиштето во кое работам.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Сите децата независно од тоа каде живеат, нивите можности, етничката припадност или попреченоста имаат право на квалитетно образование. Јас како наставник применувам различни пристапи и методи преку кои им помагам на моите ученици целосно да го искористат својот потенцијал. Како наставник на ученици кои доаѓаат од различни заедници и економски статус мојата цел е да им помогнам во зголемувањето на шансите да станат среќни, здрави, успешни и достоинствени членови на нашето општеството.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО за мене беше предизвик кој со задоволство го прифатив. Горда сум што со снимените видеолекции, а потоа и со едукативните активности успеав да придонесам кон библиотеката со игровни едукативни активности која ќе остани да им служи на нашите ученици и колеги. Им препорачувам и на останатите едукатори да станат дел од оваа наша ЕДУИНО заедница.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Во иднина се надевам дека училиштата и универзитетите активно ќе работат на прилагодување на своите програми со цел што повеќе да ги подготват учениците, односно студентите, за идните можности и предизвици кои ги носи ерата на дигитализација.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е колективен портал за дигитални образовни содржини, соработка и професионален развој на едукаторите. Овој портал е една шарена библиотека во која можеме да најдеме сè што ни е потребно за реализација на наставата.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Шаренило од едукативни активности.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ

Кадрије Арифи
Како ЕДУИНО-амбасадор, иднината ја гледам како наставник кој постојано се стреми да најде иновативни и приспособливи стратегии како и модели на предавање за време на наставата.

Гордана Наумовска Трајкоска
Среќна сум што мојата училница секогаш е исполнета со креативност, солидарност, еднаквост и другарување помеѓу сите ученици.

Елена Тодоровска
За мене единствената мотивација се децата. Кога работите со деца, вие сте освоени од секое детско срце