ambassador image
Сандра Колева
Одделенски наставник
ООУ „Тоде Хаџи Тефов" - Кавадарци
Јас сум едукатор кој знае да се спушти на ниво на размислување на детското мозоче, сè со цел да ги разберам тие умни глави. За мене магијата за успешен едукатор се состои токму во разбирањето на детските желби, интереси и начини на размислување.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Сандра Колева, 11 (единаесет) години вработена како одделенски наставник во ООУ „Тоде Хаџи Тефов “ од Кавадарци. Преголемата љубов кон децата е причината поради која решив да станам едукатор. Отсекогаш сум знаела да го изберам вистинскиот начин на комуникација со децата.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Во мојата училница секогаш преовладува опуштена и релаксирана атмосфера. Покрај креативните часови кои вклучуваат игровни активности на секој час се трудам да најдам начин како да ги насмеам учениците. Духот на моето предавање е сведен секогаш на тоа ниеден ученик да не се почувствува засрамен, отфрлен или исплашен. Ако наставникот ги почитува учениците неминовно е и тие да го почитуваат него. Тогаш наставникот е сигурен дека во училницата има ученици кои се желни за нови знаења и успеси, го даваат својот максимум и со љубов доаѓаат на училиште.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Уште на самиот почеток знаев дека сакам и можам да дадам свој личен придонес во ЕДУИНО, но некако го чекав вистинскиот момент. Повикот за креирање едукативни игровни активности за ран детски развој беше вистински предизвик и мотивација бидејќи секојдневно ги користам во наставата. Со ЕДУИНО добив можност да ги споделам моите игровни активности и да допрам до голем број ученици, наставници и родители. Игровните активности се ефективен начин на постигнување подобри резултати во наставата, со нив се постигнува концетрација, посветеност, ангажираност на учениците, развивање на етички и морални вредности. Им препорачувам на сите едукатори да се вклучат со свој придонес кон ЕДУИНО порталот, да ја збогатат библиотеката од едукативни материјали, а со тоа да дадат поддршка за подобрување на воспитно-образовниот процес.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образование во кое учениците ќе им веруваат на наставниците и ќе побараат помош доколку им е потребна. Развивање и употреба на технологии кои даваат голем број можности да се направи процесот на учење поинтерактивен и на повисоко ниво на ефективност. Намалување на обемот и тежината на домашните задачи. Помалку домашни задачи ќе имаат позитивно влијание врз работата на учениците на час бидејќи ќе имаат повеќе енергија. Вклучување на професионални наставници кои освен со знаење се исполнети и со желба да работат со децата и да ги разберат. Добриот наставник треба да ги инспирира учениците со неговиот авторитет и да им даде позитивен модел.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е приказна која дојде во вистинскиот момент за сите инволвирани во реализацијата на воспитно - образовниот процес. ЕДУИНО е соработка, можност за надоградување и професионалниот развој на наставниците, водич во образовниот процес на учениците, поддршка на емоционалниот развој на децата.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Образовна поддршка, инспирација, креација.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Мануела Димова
Создавањето на креативени, едукативени, иновативни начини и методи за пренесување на знаење е дел од моето секојдневие како наставник.
ambassador image
Зорица Милкова
Чест и задоволство е да се биде дел од ЕДУИНО кој претставува непресушен извор на идеи кои континуирано треба да се надополнува.
ambassador image
Фатиме Беџети-Дурмиши
Највисока цел во човековото постоење е градењето иднина, а клуч за тоа се новите генерации.