Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Силвана Бошковска Ќулавковска
Професор по предучилишно воспитание и образование
ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ - Скопје
Jа сакам мојата работа и се чуствувам исполнето гледајќи ги децата како се развиваат и растат како поединци врз кои оставаме трајно наследство на светот. Како едукатор среќна сум што имам клучна улога во обликувањето на следните генерации.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Силвана Бошковска Ќулавковска, работам како воспитувач во ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ - Скопје. Најголемата причина за она што го работам денес е тоа што сакам да имам позитивно, инспиративно влијание врз животот на децата. Сакам да работам со деца, тие никогаш не престануваат да ме радуваат. За себе можам да кажам дека сум целосно посветена во својата професија, амбициозна, креативна и енергична личност, којашто секојдневно се труди децата да поминуваат квалитетно време додека престојуваат во градинка. Ние сме сведоци на тоа како децата растат во добри и доблесни личности исполнети со љубопитност.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Ќе издвојам неколку практики во мојата работа коишто според мене сметам дека се едни од најзначајните: - Слободата и креативноста. Секогаш на децата им давам слобода да ме водат и насочат на она што ги интересира, а со моја поддршка се реализираат нивните желби; - Создавање стимулативна и безбедна средина во која децата ќе бидат одговорни, мотивирани и свесни за себе; - Несомнено според мене најважниот квалитет е страста. И тогаш кога работите не одат некогаш според мојот план во занималната, овој квалитет ме одржува мотивирана. Чувството за постигнување успех во напредувањето на децата е она коешто ќе ја потхрани оваа страст; - И секако трпението. Најважниот квалитет што треба да има еден воспитувач е трпение. Успешниот воспитувач е секогаш трпелив со своите деца како и со родителите и се справува секојдневно со прашања и проблеми одново и одново.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Најголема мотивација за учество и придонес кон ЕДУИНО порталот ми беше пред сè да соберам нови идеи за активности коишто ќе ги реализирам во мојата занимална, а истовремено споделување на сопствените знаења, практики и искуства со другите колешки. Моја препорака до останатите едукатори е следна: Ве охрабрувам да се вклучите во ЕДУИНО заедницата каде што со заемна соработка позитивно ќе влијаеме врз правилниот ран детски развој кај децата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Како ЕДУИНО Амбасадор, ЕДУИНО порталот и ЕДУИНО заедницата ги гледам како ресурси кои обезбедуваат бесплатни, корисни и едукативни материјали за децата и воспитувачите. Простор каде што воспитувачот може да обезбеди свет на знаење за децата без дополнителни трошоци.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е интернет портал којшто нуди богат избор на разни креативни игровни активности за возраст од 3 до 10 години.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Дигитален прирачник за сите креативни воспитувачи.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Шемсие Ајдари
Е-учењето, како модерен начин на учење, нема да ги задоволи сите барања и потреби на учењето и на ученикот, но е неизбежен и комплементарен дел од традиционалното учење.
ambassador image
Горан Цветкоски
Како едукатор, за мене претставува големо задоволство тоа што ги пренесувам моите вештини и знаење на учениците.
ambassador image
Марија Богатиновска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме можност да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.