ambassador image
Симона Палчевска
Доцент Професор
Педагошки Факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје
Се залагам за поттикнување на иновативност, самопочит и самодоверба, давање поддршка, будење на духот на слободното размислување и развивање на чувство на лична одговорност кај учениците. Негувам професионален и пријателски однос и покажувам интерес кон другите.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Ведра, емпатична и отворена личност за соработка. Негувам професионален и пријателски однос и покажувам интерес кон другите. Го користам претходното искуство на учениците за да им понудам можности активно да се вклучат во она што го учат. Настојувам на активно учество и интеракција во текот на наставата, користам различни интересни стратегии за учење, но и за создавање на стимулативна и позитивна атмосфера за работа.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Работење со љубов и посветеност, постојано користење на различни методи и техники на работа, креирање на позитивна атмосфера за работа и создавање непосреден однос со учесниците.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО порталот го замислувам како едно големо срце кое дава живот, многу љубов на едно место за сите деца и возрасни. Зарем има нешто поубаво од тоа да се биде дел од тоа срце кое возбудливо чука за доброто на сите, за нови предизвици, за нови постигнувања, нови успеси? - А останатите едукатори и понатаму бидете ентузијасти, посветени на работата, позитивни, емпатични, подготвени за учење и споделување нови искуства и најважно од се, заедно да останеме дел од големото срце кое чука во ритамот на успехот и среќата за сите нас.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Амбасадор кој ќе има витална улога во креирање на образовни активности и ресурси за унапредување на воспитно-образовниот процес, како и креирање на цели и содржини за учење, коишто училиштата и наставниците ќе тежнеат да ги постигнат. Креирање на активности кои на децата им овозможуваат „учење низ игра“, а со тоа радосни моменти, стекнати знаења и позитивни искуства. Исто така можност за учениците освен знаење да стекнуваат и социјални вештини како и пријателства за цел живот. Учество во образовни политики кои ќе се темелат на демократски вредности и кои ќе поттикнуваат отворена комуникација, почитување на индивидуалните интереси и потреби, постоење на заеднички цели, поттикнување на соработка и меѓусебна доверба.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Е дукација; Д опринос; У живање; И нспирација; Н адеж; О птимизам
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
ЕДУИНО е 3 во 1 ... Портал, Предизвик, Инспирација.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Незир Таири
Се трудам да бидам што е можно поблиску до децата, често им велам да ме сметаат како нивни другар што знае малку повеќе од нив.
ambassador image
Валентина Гаврилоска
Сакам да ја развивам креативноста кај децата преку моја сопствена демонстрација, одбирајќи разни креативни решенија.
ambassador image
Билјана Лазареска
За мене наставата е уметност и наука преку која го пренесувам знаењето на учениците во формален амбиент, користејќи различни методи.