Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Станче Штерјовска
Одделенски наставник
ООУ ,,Крсте Мисирков“ - Куманово
Како едукатор се трудам да го пронајдам талентот кај секој ученик и преку работа на наставни и воннаставни активности да го насочам во позитивна насока. На учениците им нудам можност да ги прошират своите видици, да истражуваат, да се натпреваруваат, соработуваат, другаруваат и да се забавуваат.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Станче Штерјовска наставник по одделенска настава во ООУ ,,Крсте Мисирков“ Куманово, со 20 годишно работно искуство. Би се опишала првенствено како наставник кој влијае на развојот на личноста на детето, потпирајќи се на социо-емоционалните фактори. Имам релаксиран начин на предавање, индивидуален пристап, искрен, пријателски тон на комуникација. Современото училиште бара современа настава и затоа применувам ефективни и квалитетни форми, методи, техники и стратегии на работа. Изработувам нагледни средства како би овозможила учениците со помош на разновидни ресурси, полесно да ја совладаат наставната содржина, а знаењата да останат трајни и применливи. Се прилагодувам на динамиката на образовните промени и останувам доследна на етичките и моралните вредности. Инвестирам во мојата стручна надградба преку следење на семинари, обуки, конференции и учество во проекти. Моето искуство несебично го споделувам со моите колеги.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како едукатор се трудам да го пронајдам талентот кај секој ученик и преку работа на наставни и воннаставни активности да го насочам во позитивна насока. Преку учество на проекти кои се организирани од МОН и БРО, кои ги пронаоѓам на социјалните мрежи или како ко-автор со колешката со која работам долги години. На учениците им нудам можност да ги прошират своите видици, да истражуваат, да се натпреваруваат, соработуваат, другаруваат и да се забавуваат. Насмевката и желбата да останат уште некој час во училиштето е доказ дека сум праведна кон секого и дека секој работи според сопствените желби, интереси и можности.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
По завршување на првите месеци од пандемијата, заврши и учебната година. Додека траеше онлајн наставата знаев дека учениците се ангажирани и квалитетно поминуваат дел од времето. Поради мерките, детските игри и на отворено беа ограничени. Членовите во семејството бараа начини како децата да си играат, да им биде интересно, а воедно и да се едуцираат, а да не им е здодевно. Во тој момент следеше повикот на ЕДУИНО за едукативни игровни активности во домашни услови. Претходно со мојот тим ДИДАКТИКО изработивме неколку игри за училишни услови и ми беше предизвик да создадам игри преку кои моите ученици за време на летниот распуст ќе се забавуваат и учат. На останатите едукатори ќе им препорачам, барем дел од игрите кои ги играле кога биле деца, ги играле со своите деца или внуци, да ги внесат на платформата ЕДУИНО Ран детски развој.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината на образованието ја гледам како нова можност каде што креативни и амбициозни наставници ќе дадат свој придонес со своите идеи кои несебично ќе ги пренесат на целокупната јавност. Со тоа ќе направат општо добро за сите чинители во воспитно-образовниот процес. Наставниците ќе добиваат нови идеи за поуспешна реализација на наставните содржини, родителите ќе ја добијат соодветната поддршка и ќе можат да им помогнат на своите деца, а децата ќе учат преку игра. Преку примена на нови и современи алатки, техники и стратегии, на модерен начин образованието ќе оди по нагорна линија.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
За мене ЕДУИНО е простор каде алтруистите ќе се натпреваруваат со идеи, без желба за победа, туку со желба да се научи нешто ново да се предложи некое ново креативно решение за некој новонастанат предизвик.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Медиум, база на идеи и решенија.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Нора Жута Села
ЕДУИНО за мене претставува ново искуство во мојата кариера, можност за креирање на трајни вредности во образованието.
ambassador image
Билјана Арсовска
Ме привлече самиот концепт на ЕДУИНО, тоа што имавме простор да направиме нешто што ќе остане како трајна вредност и за нашите ученици и за нашите колеги.
ambassador image
Атинула Ничова
Мојата занимална е безбедна и стимулативна средина, најважно од сè ми е децата да се чувствуваат значајни, сакани и безусловно прифатени во воспитната група.