Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Теодора Ѓорѓиеска
Одделенски наставник
ООУ „Никола Карев“ - Крушево
За себе би кажала дека сум едукатор кој што е посветен и сака да се надоградува и да ги следи сите промени кои доаѓаат во образованието. Се трудам да создавам средина за учење, која ќе поттикне критичко размислување кај учениците. Предизвик, но и голема одговорност е да работам со ученици уште од најмала возраст кои треба да ги издигнеме во прекрасни личности.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Теодора Ѓорѓиеска одделенски наставник во ООУ „Никола Карев“ - Крушево. За себе би кажала дека сум посветена, трпелива, креативна, неуморна личност во процесот на мојата работа. Сакам и се трудам постојано да се надоградувам и да ги следам сите промени кои доаѓаат во образованието. Како едукатор се трудам да создавам средина за учење која ќе поттикне критичко размислување кај учениците. Работата со ученици од најмала возраст па се до нивното формирање до прекрасни личности за мене претставува голем предизвик, но и голема одговорност. Кога работата ја работиме со голема љубов резултатот се гледа во очите на нашите ученици.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Примената на различни видови техники, методи, ресурси и наставни средства во реализацијата на наставниот час се моја најдобра практика во образованието. Секогаш добриот едукатор треба да биде во тек со сите промени во образовниот процес и да ги применува во својата училница. Настојувам креативноста, интеракцијата и иновативните техники да ги применувам во мојата училница и на таков начин да ги мотивирам моите ученици за поголеми достигнувања. Практикувам меѓусебно почитување и соработка меѓу учениците, но и соработка со родителите за успешен воспитно – образовен процес.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО – порталот се појави во едно многу тешко време за нас како организатори на образовниот процес. Тоа беше предизвик и за мене како наставник со цел на најдобар и интересен начин да ја доближиме наставта до учениците преку различни видеолекции и едукативни активности. Овој портал ни овозможи на нас наставниците преку креативен предизвик учениците да можат да учат и играат. Подготвувањето на едукативните активности за мене претставуваше задоволство, со секоја изработена игра добивав самодоверба и енергија за следна и следна активност. Големо задоволство и чест е кога ќе видиш дека си станал дел од еден голем проект како ЕДУИНО. Би сакала да ги повикам сите колеги да се вклучат со својата креативност во овој процес и да направиме ризница од едукативен материјали.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Иднината на образованието би требало да биде заснова на квалитетен наставен процес изразен преку квалитетни програми, иновативни техники и методи, добро организирни часови, современи училници и успешни наставници. Квалитетот на наставниците би се подобрувал со постојани обуки. Како ЕДУИНО Амбасадор предизвик би ми било да продолжам во креирањето на едуактивни активности кои би овозможиле учениците полесно и на поинтересен начин да стекнуваат нови знаења. Исто така од големо значење за напредокот на образовниот процес би била и соработката и размената на искуства помеѓу наставниот кадар. Со задоволство би го пренела моето искуство на моите колеги со цел да придонесам во напредокот на образованието.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО претставува современа платформа на којашто можат да се најдат едукативни материјали за потребите на учениците, наставниците и родителите. Токму преку оваа ризница од едукативни материјали се овозможува да се споделуваат искуствата и знаењата на наставниците, а истовремено претставува можност за поинтересен начин на стекнување на знаења.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Современа, дигитална библиотека.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Милица Кабранова
Добриот едукатор секогаш наоѓа лесен начин да им ги пренесе образовните задачи на учениците на рзбирлив начин за нив.
ambassador image
Тодорка Нане
ЕДУИНО претставува важен дел од мозаикот наречен современо образование, можност сите наставници да помогнат кон подобрување на образованието.
ambassador image
Мира Ѓорѓиевска
Процесот на дигитализација е неминовен, а ЕДУИНО е вистиски пример и насока за како треба да изгледа образованието во иднина.