ambassador image
Тинка Палиниќ
Одделенски наставник
ООУ „Димче А. Габерот“ - Демир Капија
За мене зборуваат делата. Сметам дека секој кој од себе го дава својот максимум може многу лесно да постигне успех. Преку позитивна атмосфера, опуштени и релаксирани ученици, сметам дека еден наставен час може да се класифицира како успешен, мотивирачки, добро осмислен и остварен со многу труд и енергија.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Човек со напредни идеи, ставови, визии, мисии и погледи.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Работа во комбинирани паралелки, истовремено реализирање програма во 3 и 4 одделенија, како и примена на меѓуетничко образование. Преку позитивна атмосфера, опуштени и релаксирани ученици, сметам дека еден наставен час може да се класифицира како успешен, мотивирачки, добро осмислен и остварен со многу труд и енергија. Она што исто така е карактеристично за мене е неуморноста и истрајноста при усвојување нови знаења и нивно успешно совладување, како и примена на стекнатото.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Осознавање нови светови, усвојување нови знаења, практична примена на теоретското знаење, запловување во водите на успешните.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Сметам дека иднината која носи успех преку ЕДУИНО е загарантирана. Ваквите проекти се клуч за успех.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Совршена образовна платформа. Зборови има многу, но со само овие неколку сè е кажано.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Најголемото богатство за успешен наставник.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Теодора Ѓорѓиеска
ЕДУИНО ни пружи можност креативните едукативни активности да останат засекогаш забележани на едно место.
ambassador image
Елена Ташева
За време на пандемијата максимално го искористив времето да се посветам на пишување, изработка на активности, снимање и документирање.
ambassador image
Викторија Стојановска
Моето мото е „Подари му љубов и разбирање на детето, помогни му да ги направи работите само и тоа низ искуството ќе научи сè што му треба“.