ambassador image
Хилда Димитриевска
Одделенски наставник
ООУ „Крсте Мисирков“ - Куманово
Постојано се надградувам преку обуки и семинари, и редовно наученото го пренесувам на учениците и колегите, вршејќи дисеминација и помагајќи им преку тимска работа. Подготвена сум за доживотно учење и стекнување на знаења кои ќе ми овозможат да одговорам на барањата на новите генерации ученици.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Хилда Димитриевска, дипломиран педагог со 26 годишно работно искуство, а моментално работам како одделенски наставник во ООУ „Крсте Мисирков” Куманово. Ја сакам својата професија и ја работам со љубов и посветеност. За мене е карактеристично тоа што постојано сакам да внесувам нови пристапи во наставата, да користам нови методи и техники на учење, применувам проектна настава и го поттикнувам користењето на дигитални алатки кај учениците. Сметам дека училницата не е единствено место за едукација. Затоа организираме посети на институции, историски локалитети, учество на меѓународни натпревари, фестивали, манифестации, настани, меѓународни изложби. Со тоа учениците се осамостојуваат, охрабруваат, стекнуваат самодоверба, ги подобруваат своите вештини за комуникација и соработка.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Проектната настава ја реализирам во мојата практика веќе неколку години. На почетокот ми беше дадена можност во училиштето да се вклучам во некои проекти, а сега веќе сама ги пронаоѓам, или пак ги организирам заедно со мојата колешка со која работиме во тандем. Активностите кои се реализираат во проектите даваат можност за поврзување на наставниците и учениците, можност за вмрежување и размена на знаења и искуство. Учениците се запознаваат со различни култури, јазици, традиција и религии. И што е најважно, учат да ги почитуваат различностите. Имаат можност да го прошират и збогатат своето знаење, се запознаваат со другите ученици меѓусебно, да се дружат, почитуваат едни со други, да си помагаат и заедно да се радуваат.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
ЕДУИНО за мене пред сè беше предизвик за споделување на добри практики, знаења и искуство за игри и активности кои ги осмислуваме и реализираме во својата наставна практика, кои со задоволство го прифатив. На своите колеги, едукатори им порачувам и тие да се вклучат кон ЕДУИНО заедницата како активни учесници кои ќе ја збогатат платформата со свои игри, активности и видеолекции, со што ќе си помогнеме не само меѓусебе, туку ќе им помогнеме и на учениците и родителите преку дополнување, продлабочување и целосно совладување на содржини соодветни на наставната програма.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Во време кога дигитализацијата зазема важно место во животот на секое дете, треба да ја насочиме нашата улога кон совладување и усовршување на знаењата за примена на дигиталните алатки и кај наставниците и кај учениците. Постојано да го збогатуваме ЕДУИНО порталот со интересни и содржајни ресурси кои ќе бидат достапни за секој што сака да учи или да помага во учењето.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО е заедница на иновативни едукатори подготвени за соработка, поврзување, дополнување, поттикнување, поддршка, разбирање и размена на совети и добри практики. ЕДУИНО е и библиотека со богати ресурси за едукација на ученици и наставници која е достапна во секое време и која може постојано да се дополнува и користи.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Едукативна творилница на иновативни наставници.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Цанка Костова
Често применувам дигитални алатки во наставата од тие причини добив и мотивација да бидам дел од отворените повици на ЕДУИНО.
ambassador image
Јелена Мандиќ
Во мојот фокус секогаш ќе биде соодветната едукативна подршка на децата преку користење на креативни игри и дигитална технологија.
ambassador image
Маја Буклеска
Учителите се огледало на општеството. Да бидеме учители полни со знаење, разбирање, отвореност, креативност и љубов.