Notice: Undefined variable: uploads_folder in /home/inoveted/eduino/wp-content/themes/ultra-child/single-ambasadori.php on line 85
ambassador image
Цанка Костова
Одделенски наставник
ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино
Мотивирана сум да внесувам новини во наставниот процес за да го направам поинтересен за учениците. За таа цел да ја постигнам постојано истражувам што сè можам да применам во наставата со моите ученици, за и тие и јас да бидеме среќни и задоволни.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум одделенски наставник со 15 години работно искуство. Во текот на почетоците во моето работење се соочив храбро со сите предизвици од наставата како приправник во настава во комбинирана паралелка од 3 одделенија во подрачно училиште. Сега сум горда и на моите почетоци, а посебно сега кога веќе четврта година ја водам мојата прва генерација на ученици во централното училиште во градот. Како едукатор се трудам да внесам свежина и новини во наставниот процес, користејќи современи техники на учење и методи на работа и едукативни дигителни алатки. Мојот ентузијазам го усмерувам кон откривање на уште подобри и поефикасни начини на работа со учениците од одделенска настава.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Работата со ученици е многу специфична и затоа многу е битно на кој начин и колку се вложуваме себеси за да навлеземе во детските души и умови. За таа цел континуирано работам на моето професионално надоградување, учествувајќи во семинари, обуки, вебинари и работилници од сферата на образованието и имам стекнато повеќе сертификати за истите. Учествував во Конференциите за најдобри наставници на поранешна Југославија, обучувач сум за „Добри СТЕМ практики од онлајн наставата во одделенска настава“ и многу други проекти во државата и надвор од неа. Но, секогаш се трудам стекнатите знаења да ги применам во пракса и моите ученици добро ги прифаќаат новините.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Наставникот секогаш треба да биде ентузијаст и креативец за да умее да им ги пренесува своите знаења и умеења на своите ученици на најефикасен начин. Јас се трудам секогаш на моите ученици преку еден забавен и интересен начин да им ги пренесам потребните знаења колку и каде е можно преку игра, користење на разни дигитални алатки, различни интернет извори и други медиуми. Затоа и се приклучив кон ЕДУИНО заедницата, бидејќи овде има многу добри можности за напредување и размена на искуства помеѓу нас наставниците. Топло им препорачувам на другите наставници да го сторат истото, за своето професионално усовршување и надоградување.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Со текот на промените кои ги донесе технолошкиот развој во животот и работата на сите луѓе, се јави и потребата од менување на професионалните компетенции на наставникот кои му се неопходни за работа. Јас сум на ова поле прилично активна и работам многу на моето професионално самонадградување и сметам дека е тоа неминовно да го прават сите наставници без разлика на нивното работно искуство. Всушност во тоа и ја гледам иднината на образованието и затоа сметам дека ЕДУИНО порталот ќе ни биде голема отскочна даска за да бидеме квалитетни едукатори кои работат и самите на својата едукација, а потоа и на воспитанието и образованието на своите ученици.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Јас ЕДУИНО порталот го гледам како еден непресушен извор на добри наставни практики кои ние наставниците меѓусебно ќе ги менуваме и на тој начин ќе се усовршуваме. Исто така во ЕДУИНО гледам и можност за лична афирмација и за афирмација на училиштето во кое работам.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Ризница за добри наставни практики.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Насер Адили
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.
ambassador image
Виолета Поповска
ЕДУИНО за мене претставува уште еден предизвик во мојата кариера како наставник, едно добро искуство досега поразлично, од областа на образованието.
ambassador image
Фатиме Беџети-Дурмиши
Највисока цел во човековото постоење е градењето иднина, а клуч за тоа се новите генерации.