ambassador image
Насер Адили
Наставник по математика
ООУ „Беса“ – с. Бозовце
Моја препорака до другите наставници е да направат видеопрезентации за Едуино, не двоумете се за тоа, затоа што учиме едни од други. Ние ја збогатуваме нашата библиотека со различни наставни единици од различни предмети.
Запознајте се со нашиот ЕДУИНО Амбасадор
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Насер Адили од Тетово, наставник по математика во ОУ „Беса“ – с. Бозовце веќе 25 години. Да се биде учител е чест, но и голема одговорност, затоа што треба да се едуцираат и да се образуваат помладите генерации. Затоа се вели дека да се биде наставник не е само професија туку и мисија.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
Како и секој почеток, кој има свои тешкотии, и јас како почетник, нормално, имав тешкотии, бидејќи се соочував со нови предизвици, она што го научивме како теорија се обидов да го практикувам кај студентите. Овие тешкотии се надминуваат во соработка со искусните колеги и училишниот персонал, на кои сум им благодарен за укажаната помош, посетувајќи разни обуки и, особено, со воведувањето нови технологии (ИКТ, интернет, разни апликации, алатки за едукација и сл.) во наставата, кои, иако на почетокот изгледаат вознемирувачки, овозможуваат нови можности во понатамошниот наставен процес. Времето во кое живееме е време на брзи и големи промени во секоја област од животот, што значи дека образованието не е исклучок.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Бев во ситуација што претходно не сум ја доживеал: иако имав познавање на некои алатки за учење на далечина (Edmodo и Classroom), Едуино беше платформата штоа најмногу ме привлече, а преку видеопрезентациите беше посоодветна за асинхроно учење. Главниот мотив и заложба за придонесот даден за Едуино беше тоа дека моите видеопрезентации не ги гледаа само моите ученици туку и други заинтересирани ученици. Моја препорака до другите наставници е да направат видеопрезентации за Едуино, да не се двоумат, затоа што учиме едни од други. Ние ја збогатуваме нашата библиотека со различни наставни единици од различни предмети и, што е најважно, нашите ученици имаат каде да најдат предавања кога им се потребни.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Јас ја гледам иднината на образованието како голем предизвик за нашите генерации. Мислам дека само со голема посветеност од страна на оние што креираат образовни политики (МОН, БРО итн.), да размислат и да се консултираат со практичари во образованието (професори, наставници), може реформите што треба да се случат да бидат реални и плодни. Мислам дека времето на пандемијата истакна многу слабости на нашиот образовен систем.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
Едуино за мене претставува уште една можност во мојата кариера како наставник, едно добро искуство, уште една мотивација за придонес кон учениците.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Прозорец за средба со учениците!
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Светлана Бобевска
Како млад наставник, кога првпат започнав да работам, бев голем ентузијаст и ја прифаќав секоја новина во образованието и ја применував преку мојата креативност во наставата.
ambassador image
Билјана Лазареска
За мене наставата е уметност и наука преку која го пренесувам знаењето на учениците во формален амбиент, користејќи различни методи.
ambassador image
Елизабета Теодосиевска
Иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор ја гледам во можноста наставникот да креира една современа училница, каде му се дадени сите можности на ученикот.