ambassador image
Тодорка Нане
Одделенски наставник
ООУ „Никола Карев" - Крушево
Со примена на иновативни техники и методи, креативни активности, им помагам и насочувам учениците да ја откријат интересната страна на учењето. Имам реални очекувања од учениците, ги охрабрувам и ги поттикнувам да се стремат да станат подобри. Си ја сакам својата работа и децата кои ми се голема мотивација да го дадам својот максимум.
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
Кои сте Вие? Како би се опишале како едукатор?
Јас сум Тодорка Нане, одделенски наставник во ООУ ”Никола Карев” во Крушево. Имам 25 годишно работно искуство од кои 9 како воспитувач во забавишна група. Себеси се сметам за одговорен и креативен наставник кој со своето искуство и со своето постојано едуцирање постојано ја подобрувам мојата работа. Со примена на иновативни техники, методи и креативни активности, им помагам и насочувам учениците да ја откријат интересната страна на учењето. Имам реални очекувања од учениците, ги охрабрувам и ги поттикнувам да се стремат да станат подобри. Си ја сакам својата работа и децата кои ми се голема мотивација да го дадам својот максимум.
Споделете ја Вашата најдобра практика во образованието (она што Ве прави едукаторот кој сте денес).
На моите часови секојдневно ја користам можноста училницата да биде исполнета со позитивна атмосфера и енергија, истата да претставува пријатно место каде учиме, играме и другаруваме. Токму затоа во мојата улилица, учениците учат нови работи без тоа да им претставува товар или наметната обврска. Тоа го постигнувам со градење доверба, почитување, соработка и подеднакви можности за сите ученици. Отворената и искрена комуникација со родителите е важен дел од мојата практика.
Која беше Вашата мотивација и посветеност за огромниот придонес кон ЕДУИНО-порталот и што им препорачувате на останатите едукатори?
Играта, односно учењето преку игра претставува интересен, едноставен и забавен начин на учење. Играта, не е само метод туку и потреба на децата и учениците од почетните одделенија, која поттикнува мотивација, мислење, творење, креативност, радост и фантазија. Мојата мотивација беше токму можноста која ни ја даде ЕДУИНО да креираме игровни активности со кои ќе ги збогатиме нашите часови и ќе ја направиме нашата училница пријатно место за учење, затоа што децата и учениците од почетните одделенија најдобро учат преку игра. На сите наставници им препорачувам: Секогаш можеме повеќе и подобро, затоа потрудете се да станете дел од ЕДУИНО заедницата.
Како Вие ја гледате иднината на образованието како ЕДУИНО-амбасадор?
Образованието секојдневно е соочено со нови предизвици. Сега и веќе слободно можеме да зборуваме за современо образование кое подразбира и современа настава. Тоа е така поради брзиот развој на науката и техниката, а наставата треба да поседува современи обележја. Тоа ја наметна потребата од прилагодување и усогласување на поставените образовни цели. Сите нови услови имаат потреба од професионално усовршување на наставникот за стекнување на нови дополнителни знаења и стекнување нови вештини кои треба да ги поседува наставникот за ефикасно и квалитетно изведување на наставата, со што образованието се подобрува, унапредува и усовршува.
Што претставува за Вас ЕДУИНО?
ЕДУИНО за мене претставува многу важен дел од мозаикот наречен современо образование. ЕДУИНО ни дава подеднаква можност на сите наставници со нашето знаење, идеи и практика да го помогнеме и поддржиме нашето образование, но и да учиме, соработуваме и да се надградуваме.
Довршете ја реченицата: ЕДУИНО e _____________
Предизвик.
ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ ОСТАНАТИТЕ
ЕДУИНО АМБАСАДОРИ
ambassador image
Јелена Мандиќ
Во мојот фокус секогаш ќе биде соодветната едукативна подршка на децата преку користење на креативни игри и дигитална технологија.
ambassador image
Зорица Милкова
Чест и задоволство е да се биде дел од ЕДУИНО кој претставува непресушен извор на идеи кои континуирано треба да се надополнува.
ambassador image
Ќемајледин Емини
Сега имаме многу можности за унапредување на образованието, меѓутоа и барањата денес се поголеми, што значи дека работата останува приоритет за добри резултати.