Оваа игра е развиена од Innovix, во соработка со SmartUP во рамките на проектот Едуино Игри. Проектот е поддржан од UNICEF. Едуино игрите имаат за цел да го потпомогнат процесот на учење и да им помогнат на децата да ги развијат своите креативни и когнитивни вештини.
Играта има за цел да на забавен начин им помогне на учениците од 2ро, 3то, 4то и 5то одделение да ги подобрат когнитивните способности, моќта за фокусирање и перцепција и истовремено да ги усвојат концептите и стекнатите знаења од материјалот по предметот македонски јазик.
Во централниот дел на екранот се појавуваат слики, а под нив е даден збор кој ја опишува сликата. Но, овој збор е малку чуден. Неговите букви се измешани. Задача на играчот е да ги подреди буквите во правилен редослед и да го формира вистинскиот збор.
За таа цел, играчот треба со левото копче на глувчето (или со прстот, доколку игра на мобилен уред) да ги повлече буквите на празните полиња (линии) и да ги распореди по вистинскиот редослед. Бројот на празни полиња соодветствува на должината на зборот кој треба да се состави. Играчот треба да состави повеќе зборови во зададениот временски интервал.