
Кога една група професионалци, експерти и ентузијасти од областа на образованието ќе вложат напори за создавање долгорочни вредности коишто ќе останат за идните генерации учители и ученици, тогаш се гледа колкава е моќта на заедницата. Со големо задоволство со вас сакаме да споделиме како започна успешната приказна на колективниот портал ЕДУИНО, каков импакт остваруваме во општеството, кои се нашите платформи и иницијативи и каква е нашата визија за заедничка работа и создавање трајни вредности во образованието.
Почетокот на глобалната пандемија ја наметна и ја забрза дигитализацијата на образованието. Во тој период, во март 2020 година, кога од училниците наставата се префрли на мрежниот свет, неопходно беше брзо да се изнајдат ефикасни решенија за начинот на којшто ќе се одвива наставата од далечина. Потрагата по соодветни ресурси за дигитализација на наставата ги сплоти експертите и така, преку заеднички напори се создаде колективниот портал ЕДУИНО.
ЕДУИНО дојде во време кога најмногу беше потребно! Токму затоа би сакале да искажеме голема благодарност до клучните образовни институции кои беа вклучени во процесот. ЕДУИНО е во сопственост на Бирото за развој на образованието (БРО), а целиот проект има голема поддршка од Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), со финансиска поддршка од Британската Амбасада во Скопје и УНИЦЕФ. Обединувачки фактор и имплементатор на овој проект е невладината организација СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации. Во создавањето на оваа национална платформа поддршка даваат и Synrg Software & IT Solutions.
Во тој критичен момент кога глобалната пандемија го промени стандардното општествено функционирање, ЕДУИНО беше решение кои овозможи да не запре образовниот процес. На овој колективен портал се поставуваа видео лекции, содржини за поддршка на образованието, како и алатки за помош и кариерен развој на едукаторите. Интересот беше огромен, фидбекот позитивен, а резултатите повеќе од успешни. Она што е посебно значајно е цврстиот систем за верификација и одобрување, а тоа го потенцира и Зеќирија Хасипи, директор на Бирото за развој на образованието.
„Сите материјали што се креираат, поминуваат низ систем на верификација, со што се обезбедува квалитет на содржините што ЕДУИНО ги нуди, како и нивна компатибилност со наставниот план и програма.“ – Зеќирија Хасипи, директор на БРО.
Овој предизвик беше искористен и како поттик за подобрување на образованието преку кокреирање и иновации и како можност да ги поттикнеме промените во нашиот образовен систем. Во изминативе години успеавме да создадеме заедница која брои над 25.000 наставници, воспитувачи, дизајнери, програмери, родители, ученици и креатори. Денес, кога повеќе ги нема ограничувањата од пандемијата, ЕДУИНО заедницата е уште повеќе активна и работи на развојни иницијативи и платформи.
„Со задоволство можам да ја констатирам неверојатно брзата адаптација на образовниот систем кон учење на далечина и огромниот напор за воспоставување на Националната платформа за настава од далечина и порталот ЕДУИНО. ЕДУИНО дојде во време кога беше најпотребно. Мора да обезбедиме повеќе од само место за учење предмети, мора да обезбедиме место за игра, дружење и развивање вештини за 21 век.“ – Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.
Употребата на иновативни и дигитални педагошки методи има позитивно влијание врз развојот на потенцијалите кај учениците, ги вклучува родителите/старателите во едукативниот процес, а на наставниот кадар му овозможува професионален развој. Колективниот портал ЕДУИНО овој раст и развој го овозможува пеку неговите платформи: ЕДУИНО Настава и ЕДУИНО Ран детски развој. Во изманитиве неколку години, материјалите од ЕДУИНО прераснаа во ресурси со трајни вредности за нашето образование. Ова немаше да биде возможно без волонтерскиот труд на сите вклучени во процесот, прераснувајќи во расадник на нови идеи, ресурси и иницијативи. Што сè вклучува националниот портал ЕДУИНО и кои се нашите реализирани и тековни иницијативи и кампањи?
ЕДУИНО-видео лекции е збир ресурси што се наменети за предучилишно, основно и средно образование, каде поставените речиси 5.000 видеа, се со над 4,8 милони прегледи на профилот на YouTube. Видео лекциите опфаќаат наставни содржини од сите предмети за основното и средното образование и се снимени на македонски, албански, турски, српски и бошњачки јазик. Од сите видеа, повеќе од 4.000 видеа се за основно образование, повеќе од 500 видеа се наменети за ученици од средно образование, а приближно 300 видеолекции се за деца од предучилишна возраст. Се радуваме што можеме да помогнеме во оддржување на квалитетна наставна програма и што сме вистинска поддршка во спроведување на интерсни и едукативни часови кај сите едукатори во државата!
Едни од нашите драги проектни активности се ЕДУИНО-вебинарите. ЕДУИНО-вебинарите се онлајн настани за поддршка на професионалниот развој на наставниците и учење преку непосредност и неформалност чиј прв серијал, од вкупно три оддржани серијали, започна во 2020 година. Во текот на пандемија ЕДУИНО Вебинарите беа огромна поддршка на едукаторите за квалитетно изведување на онлајн наставата. Овој сегмент опфаќа и видео обуки со над 55.000 прегледи, како и 119 видео упатства со над 80.000 прегледи. Успешно завршената мисија на ЕДУИНО-вебинарите ја покажуваат следниве статистики: вкупно – реализирани вебинари, издадени сертификати за стекнати знаења – 40.141 издадени сертификати за применети знаења – 687, просечна оценка за организација – 4,7, просечна оценка за содржина/говорник – 4,7, број на гледачи во живо – околу 75.000, YouTube прегледи на видеа од вебинарите – околу 118.007. Затоа гордо можеме да кажеме дека ги имаме најгледаните онлајн предавања според нашите статистики.
Перо Сарџоски, Координатор на ЕДУИНО-вебинарите
„Да си предавач на ЕДУИНО-вебинарите е предизвик и задоволство. Додека се подготвуваш да споделиш дел од своите интересни училишни практики, во истиот момент и учиш, ги подобруваш своите професионални компетенции и компјутерски вештини. Посакувам секој наставник да има вакво позитивно искуство во својот професионален развој.“ – Лила Каранфиловска, предавач на ЕДУИНО Вебинари.
ЕДУИНО-амбасадори е иницијатива во која се среќаваат едукатори кои имаат јавно признание за исклучителен придонес во развојот на образованието и колективниот портал ЕДУИНО. Токму тие ЕДУИНО Амбасадори заедно со преостанатите ЕДУИНО едукатори, преку волонтерски пристап ги создаваат видео лекциите и едукативните содржини во рамки на ЕДУИНО порталот. Постепениот раст и развој на програмата овозможи оваа заедница да брои дури 75 членови. Оваа заедница овозможи да се создаде национална дигитална библиотека со непроценлива вредност за учениците и за идните генерации. Секоја чест за секој едукатор и секој ЕДУИНО Амбасадор – вие сте нашите образовни херои!
Александар Лазовски, програмски менаџер и ко-основач на СмартАп
„ЕДУИНО претставува современа платформа на којашто можат да се најдат едукативни материјали за потребите на учениците, наставниците и родителите. Токму преку оваа ризница од едукативни материјали се овозможува да се споделуваат искуствата и знаењата на наставниците, а истовремено претставува можност за поинтересен начин на стекнување на знаења.“ – Теодора Ѓорѓиеска, одделенски наставник во ООУ „Никола Карев“ – Крушево и ЕДУИНО Амбасадор.
Ангела Зафировска, Менаџер на ЕДУИНО заедниците
Гонџе Ејуби, наставник по албански јазик во ООУ „Братство – Миѓени“ – Тетово и ЕДУИНО Амбасадор
„Огромна чест и задоволство ми преставува што ми ја доделивте оваа титула – ЕДУИНО-амбасадор. Како едукатор, за мене претставува големо задоволство тоа што ги пренесувам моите вештини и знаење на учениците.“ – Горан Цветкоски, наставник по физичко и здравствено образование во ООУ „Коста Рацин“ – Брвеница и ЕДУИНО Амбасадор
Запознајте ги сите ЕДУИНО Амбасадори тука: https://tinyurl.com/2sv7aupk
ЕДУИНО-игратон е една интресна проектна активност која нуди креативни содржини за учење и игра, а со кои се овозможува поддршка на родителите, на воспитувачите и на одделенските наставници во правилниот раст и развој кај децата на возраст од 3 до 10 години. Резултатите ги надминаа очекувањата: повеќе од 2.437 реализирани едукативни игровни активности во склоп на трите оддржани ЕДУИНО Игратотни и бројот на вклучени семејства, градинки и училишта кој е за восхит. Ако го погледнеме мотото, „Целата држава учи и игра“, ќе ја забележиме големината и важнста на седмум-дневниот креативен предизвик, ЕДУИНО Игратонот, бидејќи преку реазлизацијата на едукативните игровни активности кои се дел од платформата ЕДИНО Ран детски развој, се помага при развање на социо-емоционалните вештини и способности кај децата, а сето тоа се одвива преку игра. Честитки до сите дечиња, родители/старатели и едукатори кои учестуваа во ЕДУИНО Игратоните, вие сте вистинската радост на овој проект!
Соња Чаловска и Весна Пецева, тим лидер и координтори на ЕДУИНО Игратонот
„Сите игри во склоп на дневните предизвици за мене беа прекрасно осмислени и кај децата будеа голем интерес штом ќе им споменев дека ќе играме игра. Со возбуда ги очекуваа инструкциите што им ги давав како ќе ја реализираме играта. Беа концентрирани на своите задачи и со голема посветеност и внимание ги исполнуваа.“ – Роза Костеска, воспитувач во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, учесник на ЕУИНО Игратонот.
„На повикот за учество на ЕДУИНО Игратонот по повод Светскиот ден на детето наидов случајно, на социјалните мрежи. Претходно, имав искуство со видеолекциите од Е-занимална, како и со дел од активностите кои може да се најдат на ЕДУИНО платформата, а се однесуваат на ран детски развој. Знаејќи го квалитетот на сите содржини кои ги нудите како платформа, без многу размислување одлучив да бидеме дел од вашиот убав предизвик.“ – Маја Митева Петроска, ЕДУИНО Амбасадор и учесник на ЕДУИНО Игратонот.
Како што споменавме, ЕДУИНО Ран детски развој е платформа наменета за поттикнување правилен ран детски развој кај децата од 3 до 10-годишна возраст на која се поставени над 703 бесплатни ресурси и едукативни игровни активности наменети за воспитувачи, одделенски наставници и родители/старатели. Активностите се дизајнирани да го поттикнат социо-емоционалниот развој кај децата, да влијаат на стекнување карактерни вештини и директно го промовираат пристапот за учење преку игра. Оваа година ја создадовме и бесплатната „Информативна брошура за раниот детски развој и колективниот портал ЕДУИНО“ наменета за воспитувачи, родители и наставници, а истата може да ја преземете преку следниот линк од порталот.
Она што го најавивме е ЕДУИНО Лабораторијата, нов развоен виртуелен 2Д интерактивен простор каде што воспитувачите и родителите ќе може да ги искористат своите креативни идеи и да создадат образовни материјали, да креираат игри што може да се користат во занимална, но и дома. Целта на оваа нова програма е квалитетна едукација и анимација на децата. Силно веруваме во успешноста на овој иновативен концепт и ќе ни биде драго да соработуваме со едукаторите и родителите во процесот на создавање поквалитетно образование.
После две години во кои заедно со вас вложивме посветеност, труд, љубов и ентузијазам, со задоволство може да констатираме дека нашата главна цел е постигната: успеавме рапидно да го поттикнеме осовременување на образованието преку: креирање иновативни алатки, создавање системи за поддршка на проактивни едукатори, поттикнување на колаборативната синергија и најважно, понудивме поддршка за надминување на предизвиците. Успеавме да се впишеме во извештајот на HundrED за најдобри 100 иновации во образованието во светот за 2021 година. Ова е меѓународна потврда за потенцијалот што го има овој проект, а неговата значајност ја препознаа и сите оние што го изгласаа овој портал во категоријата „Најпопуларен сајт за образование, наука и култура“, па го освоивме третото место во рамките на манифестацијата „Сајт на годината“ во организација на Медија солушнс. На почетокот на третата година веќе ја проектираме новата визја за националната платформа ЕДУИНО како простор со отворени, достапни и корисни ресурси за раст и развој на нашиот образовен систем. Секако да продолжиме со нашата мисија да помагаме и да го подобриме процесот на учење за наставниците, учениците и родителите. На сите наши соработници и корисници на колективниот портал ЕДУИНО им благодриме за соработката, интересот и вкученоста и ве покануваме заедно да продолжиме да го развиваме нашиот образовен систем.
Заедно со вас создаваме идинина! Создаваме трајни вредности со ЕДУИНО!