
Како масовно да се поттикнат радоста и насмевките, како преку смеа, игри и зборови да се потсетиме на детсвото и најубавите моменти од животот, како преку забава и дружење да учиме и да стекнуваме нови знаења? Нашиот стручен тим на ЕДУИНО – колективниот портал за дигитални и образовни сорджини, обидувајќи се да изнајде одговори на овие прашања, во ноември 2020 година го дизјнираше првиот кративен предизвик – ЕДУИНО игратон!
Проф. Д-р Лена Дамовска, доктор по педагошки науки и редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје
(Прочитајте повеќе за разговорот со Лена Дамовска тука: https://www.eduino.gov.mk/novosti/razgovor-so-prof-dr-lena-damovska/)
Овој креативен предизвик трае пет односно седум дена, во кои секој ден се играат различни ЕДУИНО едукативни игровни активности со кои децата и учениците учат и се забавуваат. Во првиот ЕДУИНО игратон, поради состојбата со светската пандемија, можеа да учестуваат деца на возраст од 3 до 10 години заедно со своите родители или старатели. Додека во вториот и третиот спровден ЕДУИНО игратон, можеа да учествуваат: родители/старатели и деца во: домашни услови (од 3 до 10 години); ученици и одделенски наставници од училиштата (од 6 до 10 години); деца (од 3 до 6 години) и воспитувачи од градинките од целата држава. Токму затоа го избравме мотото – Целата држава игра и учи!
Маја Митева – Петроска, Дипломиран професот по англиски јазик и магистер филолог по македонски јазик, ЕДУИНО Амбасадор и учесник во ЕДУИНО Игратон (Прочитајте повеќе за разговорот со Маја Митева-Петроска тука: https://www.eduino.gov.mk/novosti/eduino-igraton-so-maja-miteva-petroska/)
Зошто токму ЕДУИНО Игратон? Ако ја разгледаме платформата ЕДУИНО Ран детски развој од ЕДУИНО порталот, ќе видиме дека содржи библиотека со активности наменети за учење и игра, кои се креирани од практичното искуство на наши посветени едукатори. Во оваа платформа вброени се дури 703 едукативни игровни активности, па оттаму и идејата сите овие игри да им ги претставиме на децата, родителите/старателите, наставнциите и воспитувачите. Оваа дигитална библиотека како голем ресурсен центар, изобилува со материјали (едукативни игри) кои се приспособливи како за домашни услови, така истовремено со нив може да се создаде динамичен час во текот на наставата и да се збогатат игровните активности во градинките, сето тоа преку методот учење низ забава. Релевантноста произлегува од тоа што сите објавени едукативни активности на ЕДУИНО содржински се верификувани од едукатори, сѐ со цел да бидеме сигурни дека сите материјали се со соодветен квалитет. Истовремено, низ внимателно дизајнираните едукативни игровни активности се создаваат спомени и доживувања со родителите и со наставниците на тие деца и ученции кои ќе останат во нивното сеќавање.
Тинка Палиниќ, одделенски наставник во ООУ „Димче А. Габерот“ – Демир Капија и ЕДУИНО Амбасадор (Прочитајте повеќе за разговорот со Тинка Палиниќ тука: https://www.eduino.gov.mk/novosti/eduino-igraton-so-tinka-palinic/)
Особено значајно во таа сензитивна возраст, е поттикнувањето на социо-емоционалниот развој којшто влијае и на сите други домени, како и холистичкиот пристап кон детето. На тој начин децата развиваат позитивен однос кон учењето. ЕДУИНО игратонот има активности преку кои децата воспоставуваат емоционални компетенции и воспоставуваат ентузијазам, интерес, задоволство и мотивираност за учење, покажуваат упорност, флексибилност, способни се да го задржат вниманието, да ги контролираат чувствата и однесувањето. Поттикнувајќи ја мотивираноста за креираните изработки и прифатените предизвици, на среќните учесници се доделуваа и симболични подароци, по случаен избор, бидејќи ЕДУИНО игратонот не е со натпреварувачки карактер, а акцентот е ставен на креативноста. Во првиот игратон играа вкупно 160 семејства, а имаше повеќе од 230 испратени пријави за игровни активности во домашни услови. Вториот ЕДУИНО Игратон ќе остане запаметен по неверојатниот број пристигнати повеќе од 1.208 изработки од селекцијата на игровни активности во склоп на трите категории: домашни услови, градинки и училишта. Како прв обид да ги сплотиме сите деца под мотото „Целата држава учи и игра“, ни претставуваше особена гордост тоа што до нас пристигнаа прекрасни впечатоци за атмосферата во занималните и во училниците во нашата држава. Третиот ЕДУИНО Игратон брои 999 изработки за што сме особено горди и среќни бидејќи успеавме да насмеме многу семејства, дечиња, ученици со своите воспитувачи и наставници.
Роза Костеска, воспитувач во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид (Почитајте повеќе за разговорот со Роза Котеска тука: https://www.eduino.gov.mk/novosti/eduino-igraton-so-roza-kosteska/)
Секој од вас, длабоко во себе го чува својот игровен споменар. Ве предизвикуваме да го отворите вашиот игровен споменар и во него да ги запишете новите доживувања од активностите на ЕДУИНО Игратонот. Новите тенденции одат во прилог на наставната парадигма која вели дека децата треба да учат преку самостојна работа, преку искуство, учење со практика. Па затоа, ајде заедно да учиме, да креираме и да се забавуваме.