
ЕДУИНО, како колективен портал за дигитални образовни содржини, настана како решение во време на пандемија. Во текот на 2020 година се соочивме со нови и досега непредвидени предизвици, но горди сме на нашата ЕДУИНО-заедница и на заедничките постигнати резултати.
Според статистичкиот пресек направен во декември 2020 година, главен двигател на нашиот успех се објавените над 3.600 видеолекции на официјалниот канал на ЕДУИНО на Јутјуб (YouTube).
Поделени, тие изгледаат вака:
- за основно образование: 2.925* видеа;
- за средно образование: 398* видеа;
- за предучилишно образование: 303 видеа.
Навистина сме горди и над 24.000 прегледи на видеообуката што е поставена на колективниот портал ЕДУИНО, преку која се објаснува целиот процес на снимање и објавување видеолекции од страна на наставниците и професорите.
Воедно, во состав на проектот ЕДУИНО, испративме вкупно четири отворени повици до крајот на 2020 г. и имаме планирано уште два во 2021 година.
Во времетраење од март до декември 2020 г. одржавме и 13 вебинари, кои беа следени од 17000 гледачи во живо со над 50 262 прегледи (views) на Јутјуб (YouTube) на видеата од вебинарите. Во просек, секој од ЕДУИНО-вебинарите го следеа меѓу 3000 и 4000 гледачи, со најмногу пријавени за еден настан, рекордни 9 500+ едукатори!
За овие информации, како и оние за работата и постигнатите резултати на колективниот портал ЕДУИНО, ви препорачуваме да го погледнете краткото видео – ЕДУИНО – постигнати резултати 2020!
Изработивме и дигитални сертификати за сите оние што се пријавија на вебинарите или, поточно, беа генерирани и испратени повеќе од 16 000 сертификати за вебинари.
Наставниците што придонесоа со видеолекции исто така добија дигитални сертификати.
Тимот на ЕДУИНО генерираше и достави сертификати за:
- основно образование – 3.000;
- средно образование – 500;
- уште 2000-3000 сертификати за видеолекции се испраќаат во моментов, според последниот пресек во февруари 2021 г.
На веб-сајтот ЕДУИНО објавивме и 220 нови активности и игри во домашни услови, а во 2021 г. се очекува да имаме вкупно 400 активности достапни за учење и игра.
Седум од овие активности беа дел и од првиот ЕДУИНО–Игратон, кој се одржа во текот на ноември 2020 година. На него учествуваа 160 семејства од целата држава и беа регистрирани 230 изработки на едукативни активности. Повеќе за овој интересен настан може да прочитате тука.
И, нашиот најважен дел – нашата ЕДУИНО-заедница!
Пред се, тука се нашите Фејсбук-групи ЕДУИНО, на кои споделуваме знаење и инспирација, ЕДУИНО заедница (2670 членови), и Едуино #Едукатори (2560 членови). Ве покануваме да се приклучите и да придонесете со вашите интересни идеи.
Навистина сме среќни да споделиме и дека нашата мејлинг-листа порасна на повеќе од 23000 претплатници/читатели кои редовно добиваат известувања по е-пошра за нови активности во проектот, информации за вебинари и видеоупатства.