
Придонесете кон платформата
Креирањето богата, отворена и достапна база на активности, материјали и игри за најмладите е од огромно значење за целото наше општество.
Споделувањето и креирањето нови, верификувани и квалитетни активности преку отворен пристап за заедничко креирање и размена на идеи меѓу едукаторите, родителите и децата е принцип за кој се залагаме и цел кон која се стремиме.
Видео упатство – Детално објаснати чекори за поднесување на игровна активност во новиот отворен повик за ЕДУИНО-Ран Детски Развој
Затоа, секој едукатор што има желба својата идеја и активност да ја преточи и да ја прикачи како отворен, проверен и достапен ресурс, ќе може да го направи тоа преку функционалноста – „Додај активност“.
Всушност, ова е покана до вас директно да придонесете во развојот на платформата и во надградувањето на библиотеката со едукативни материјали, кои ќе останат за сите генерации!
Споделувањето на активностите што веќе ги употребувате со децата за поттикнување на учењето преку игра, ќе им помогне на многу воспитувачи, одделенски наставници и родители, ќе ги инспирира и ќе ги мотивира да имплементираат нешто ново за првпат.
Сепак, за активноста да биде соодветна и комплетна, подготвивме упатство за тоа како да се подготви, достапно подолу.
Запомнете, вашата активност или игра, која сте ја имплементирале во својата училница или занимална, ќе биде преземена и употребена од ваш колега/колешка. За да биде активноста успешна, ве замолуваме да посветите внимание на описот на деталите и на насоките за реализација на активноста.
Препорака: Пред да ја внесете активноста, ви препорачуваме да ја проверите заедно со ваш колега/колешка, за да бидете сигурни дека внесените информации и опишаните активности се доволно јасни и концизни.
Внесете игра
Потребно е да сте регистриран корисник (воспитувач и/или одделенски наставник) за да поднесете нова игровна едукативна активност.
Регистрирај сеВашите технички проблеми можете да ги пријавите преку следниот прашалник.
Пријави проблем!Овој дел од платформата ќе биде достапен наскоро
ЕДУИНО РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Процес на верификација
Сите поднесени активности подлежат на задолжителен процес на верификација од страна на Комисијата за верификација на едукативни активности и/или од советниците на Бирото за развој на образование. Дополнително, во процесот се вклучени групите за колегијална поддршка, наставниците ментори и селектирани стручни соработници кои може да остават фидбек и/или коментар за одредена активност, но не и да ја одобрат.
Процесот на верификација се одвива во три дела.

Проверка
Првиот чекор е проверка со вашите колеги/работен актив. Откако со помош на нашето упатство ќе ја подготвите активноста во предвидениот шаблон (.word урнекот), истата е потребно да ја споделите со вашите колеги од работниот актив со цел прибирање фидбек и коментари (најдобро е истите да ја пробаат барем еднаш со некоја од нивните групи ученици со цел валидација на насоките, резултатите и сл.). По финализирањето на активноста, по нивниот фидбек, истата е спремна за поднесување преку нашата функционалност „Додај активност“.
Верификација
Вториот чекор е верификација од страна на Комисијата за верификација (составена од докажани и обучени воспитувачи, наставници и експерти) и/или од страна на советниците на Бирото за развој на образование. Активностите по случаен избор се доделуваат на двајца членови од достапните комисии. Верификаторите имаат 30 дена за проверка и изјаснување по однос на поднесоците по што активноста може да биде одобрена, вратена на доработка (со соодветен писмен фидбек и насоки за подобрување) или да биде одбиена.
Финално обликување и објава
Доколку активноста е одобрена следува процесот на лекторирање, превод на македонски или албански јазик на содржината на активноста и прилозите, како и подготовка на илустрации и прилози. По комплетирање на овој процес, следува официјална објава. Некои од овие чекори може да се подложни на измена и/или да бидат изземени во зависност од работниот обем и/или нивото на подготовка на поднесената активност (на пр. ако има одлични илустрации).Напомена: Статусот и прогресот на вашите поднесени активности може да ги следите на вашиот профил. Дополнително, ќе ви стигнат и известувања на мејл во однос на вашите поднесоци (на пр. известување за објавен материјал, известување за потребна доработка и сл.).
За повеќе информации, ве охрабруваме да ги погледнете често поставуваните прашања во секцијата „Контакт“.