Сетило за вкус
Преку разговор и интеракција, научете за сетилото за вкус кое се наоѓа на јазикот. Оваа активност вклучува и експеримент, а во самите упатства има и интересна шема со дадени инструкции за спроведување на активноста.

Шеќер; сок од лимон; сол; тоник(швепс); шема; ножици; боици; лепило.
Индивидуална
Цели
Целта е кај детето да се развие сензибилноста на сетилото за вкус.

Резултати
Детето истражува со разновидни материјали и донесува заклучоци

Игровна активност
Подготовка на материјали за експеримент, боење и сечење.
За овој експеримент потребно е детето да ги следи инструкциите од возрасниот: - Да стави малку шеќер на јазикот и да обрне внимание на кој дел од јазикот ќе го почувствува слаткиот вкус (на тоа место се наоѓа сетилото за сладок вкус); - потребно е детето истото да го направи и со другите материјали, сок од лимон - да го пронајде местото за кисел вкус, сол - за да го пронајде за солен вкус, тоник - за да го пронајде местото за горчлив вкус; - на детето му се дава шема која може и само да ја нацрта (прилог бр. 1), на која треба да го обои јазикот според дадени инструкции; - потоа треба да ги исече јазикот и главата на шемата, да ја засече испрекинатата линија на устата, да го протне јазикот и да го залепи на означеното место.
Со детето се разговара за сетилото за вкус кое се наоѓа на јазикот. Му се објаснува дека на различни места на јазикот може да почувствуваме различни вкусови. Потоа се прави експеримент, а детето добива шема со дадени инструкции. По активноста детето може да истражува и други вкусови од прехранбените производи коишто ги имаат дома и од вкусовите коишто најмногу му се допаѓаат на детето може да направите еден овошен сок.