Подморница во шише
Дали сте подготвени да откривате повеќе за превозните средства во водениот сообраќај? Со оваа активност ќе се запознаете со подморниците и ќе креирате мал океан во шише.
Пластично шише; Вода; Течен сапун; Гумирани листови во боја; Ножички
Заедничка, Индивидуална
Цели
Да се оспособи детето за флексибилно и дивергентно мислење во процесот на истражување, откривање и учење.
Резултати
Детето покажува интерес за истражување и откривање и донесување на заклучок за одредена ситуација.
Игровна активност
Подготовка на пластично шише, гумиран лист во боја, вода, течен сапун.
Во пластично шише се става вода и течен сапун. Потоа на гумиран лист се цртаат и сечат подморница и рипчиња, кои се ставаат во шишето со течност и се затвора. Со превртување на шишето во ралични насоки подморницата ќе плови во водата. (Прилог бр. 1)
Со детето се разговара за превозните средства во водениот сообраќај со најголем акцент на подморницата кое може да плови по површината и под водата. (Прилог бр.2): Во зависност од интересот разговорот може да се прошири за екипажот на подморницата, (кормилар, капетан, морнари) и за тоа што има на морското дно. Потоа според дадените насоки детето може да си игра со својата подморница. Покрај играта може да се измисли и една приказна: „Авантурите на морското дно“.