Еј, ти, каде ли се скри?
Преку оваа активност детето се оспособува за визуелно восприемање и препознавање на различните живеалишта каде што живеат животните, учи за нивното именување и за нивните соодветни живеалишта. Се подготвува за околу 50 минути и се изведува во група. Оваа активност допринесува за подобрување на општите знаења кај секое дете како и влијае на неговиот когнитивен развој. Ја поттикнува детската креативност и ја подобрува самодовербата.

Маја Митева - Петроска, Тодорка Нане, Стефка Маркоска
Голема картонска кутија (внатрешноста е поделена на пет делови, со преграда); дрвени бои/фломастери; ножички; течно лепило;
Групна
Цели
Детето треба да се оспособи за визуелно восприемање и препознавање на различните живеалишта каде што живеат животните; Да се оспособи за именување на животните и соодветните живеалишта; Да се оспособи за воочување и разликување на карактеристиките на различните живеалишта

Резултати
Детето треба да ги препознава различните живеалишта каде што живеат животните; детето ги именува животните и нивните живеалишта; детето ги именува карактеристиките на различните живеалишта

Игровна активност
Начинот на изработка на дидактичкото средство е следен. Се зема една картонска кутија, средна големина. На неа, на петте страни се лепат илустрации на кои се претставени пет различни живеалишта. На четирите страни се лепат илустрации на кои се претставени фарма, шума, вода/езеро/река/бара и земја/подземја/камења и сл. Илустрациите претходно се бојат. На горната страна од кутијата се лепи илустрација на која е претставено небо/воздух/облаци (Прилог бр. 3). На секоја страна се сече мал отвор, како на касичка. Внатрешноста на кутијата се дели со помош на прегради и се добиваат пет полиња, за сите пет живеалишта. Се подготвуваат 25 картички и на нив се лепат 25 животни (Прилог бр. 2), кои претходно се бојат (фарма - крава, прасе, овца, коњ и петел, шума - срна, елен, зајак, мечка и верверичка, вода - риба, лебед, жаба, пајка и желка, земја - црв, крт, мравка, змија и глушец и небо - пеперутка, птица, пчела, оса и гулаб). Задача на учесниците е да ги обојат картичките.
Чекор 1: Преку разговор и упатства на децата им се објаснува начинот и постапката на играта. Чекор 2: На децата им се поставуваат прашања (пр. Кое е ова животно? Каде живее? Каде живее мечката? Кој лета? Кој лази?). Чекор 3: Модераторот ги запознава учениците со правилата на игровната активност (Прилог 1). Чекор 4: Модераторот ја следи реализацијата на игровната активност и дава соодветни насоки и инструкции. Чекор 5: Учесниците ги именуваат и опишуваат илустрациите на животните и нивните живеалишта. Чекор 6: Учесниците ги ставаат картичките во соодветните отвори, според дадените живеалишта. Чекор 7: Децата се мотивираат со поддршка и пофалби за да се одржи интересот за играта. Препорака е картичките на кои се претставени животните да бидат во различна боја, според даденото живеалиште (вода – сина боја, небо – бела боја, шума – зелена боја, фарма – црвена боја и земја – кафена боја). Чекор 8: Откако ќе се отвори кутијата и ќе се проверат картичките, учесникот, според бојата на картичките може да ја воочи евентуалната грешка и да се коригира.
Еј, ти, каде ли се скри? е дидакичка игра која се игра во групи од по 5 учесника. Секој учесник добива различно живеалиште, фарма, шума, вода/езеро/река/бара и земја/подземја/камења и негова задача е да ги избере соодветните картички на животни кои живеат во тоа живеалиште. Учесниците ги именуваат животните, ги опишуваат карактеристикте на даденото живеалиште. Учесниците ги ставаат картичките во соодветните отвори. Се отвора кутијата, се разгледуваат картичките од соодветните прегради и се врши проверка на реализацијата на активноста од страна на модераторот.