Оваа игра има за цел преку игра и забава да ги научи играчите да извршуваат математички операции, како што се собирање и одземање до 10. Наставникот им чита приказна со што ги води децата низ играта. Тој им задава инструкции на зајчињата (учениците), за кои им дава одредено време за извршување на истите. Доколку некој ученик има нејаснотии може да отиде до полето Волшебна шапка и да побара помош која ќе му олесни на ученикот при собирање и одземање (стапчиња, гравчиња итн.). Играта е наменета за деца од 6 до 8 годишна возраст.

Илустрација на игровна активност
Прегледи: 1540
Оцена:
Автор(и):

Лилјана Костовска; Марија Вељанова; Јасна Ѓоргиевска; Наташа Бошковска; Илустрација: Катерина Николовска; Превод и лектура: Агим Лека

Проверено со: Соња Чаловска
Материјали:

Ножици; Хартија; Прибор за пишување; Манипулативни средства; Пликоа

Форми на работа:

Групна, Работа во парови

Програмски подрачја - Аспекти на развој/Наставни предмети
Подаспект на развој
Учесници во активноста:
Наставник
Локација:
Училница
Време за подготовка:
15 минути
Време на реализација:
30 минути
Возраст - Развоен период:
6-8 години
Карактерни вредности:
истрајност, размислување